Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско
ЕКОНОМИЈА

„Пари“: Како без вработени се вртат 530 милиони евра? Ни денар од заработката не се двои за плати, здравствено и пензинско

Објавено June 4, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Немаат вработени, а бизнисот им оди добро. Толку добро што приходите и профитот се мерат во милиони евра. Ни денар од заработката не се двои за плати, за здравствено и пензиско осигурување или други давачки. Зад популарно наречените фантомски фирми најчесто стои по еден човек. Тој е самиот газда, некој од неговото потомство или, едноставно, ангажирано лице со менаџерски договор без обврска за засновање работен однос.

Законот за трговски друштва го овозможува ваквиот деловен пристап, а дадената можност ја користат 7.519 фирми. Тоа е состојбата од 2024 година, а опфатени се фирмите со нула вработени и тие без податок за вработени. Сите тие оствариле заеднички приход од 532 милиони евра. За една година, нивниот број е зголемен за 571, но приходите се намалени за повеќе од 50 милиони евра. Преклани биле евидентирани 6.948 вакви фирми со вкупен приход од 584 милиони евра. Во 2023 година, нивната вкупна добивка изнесувала 74,5 милиони евра, а лани ‒ 88,1 милион евра. Инаку, вакви фирми има од многу профили – градежни, услужни, консултантски, трговски, во кои спаѓаат и тие што продаваат струја…

Пари ги анализира топ петте фирми што направиле најголеми профити и топ петте со највисоки приходи. Кои се невидливите, а истовремено моќни компании, каде што не се потребни работници, а парите се слеваат на големо?

НИСКИ ТРОШОЦИ, МИЛИОНСКИ ДОБИВКИ

Интересен е и фактот, изведен врз база на податоците од Бизнис Мрежа, дека петте компании со нула вработени и со највисоки профити, лани забележале вкупна добивка од над 30 милиони евра. Најголемиот дел, или 20,6 милиони евра, се на сметката од Каменимост комуникации. Споредено со 2023 година, чистата заработка е поголема за 32,47 насто. Иако е прва по профит, Каменимост комуникации е трета по приход, за 32,22 насто повисок од преклани, а се брои со 20,78 милиони евра. Разликата меѓу приходите и добивката ги претставува годишните трошоци ‒ 107 илјади евра.

Всушност, компанијата за консултантски услуги, која датира од 2000 година, веќе две децении опстојува меѓу најголемите и најпрофитабилните фирми. Потребата од нејзиното формирање била да внесе баланс меѓу интересите на акционерите во Македонски телеком ‒ Маѓар телеком, фондот на милијардерот Џорџ Сорос ‒ Сорос Инвестмент, и грчки Космотелко, кои во тоа време поседуваа 51 насто од акциите. И покрај тоа што нешто подоцна Сорос и Космотелко своите акции му ги продадоа на Маѓар телеком, а постоењето на консултантската компанија стана излишно, сепак, фирмата не само што не згасна, туку заработува големи пари.

Профитот на наредните две фирми во однос на прворангираната е понизок за околу седум пати. Се работи за СЈ компани, со добивка од над 3 милиони евра, и за Инвестмент интернационал, со добивка од 2,86 милиони евра. Нивната сопственост е поврзана со бизнисменот Светозар Јаневски, познат како Свето Пивара и Свето Тиквеш. И за двете, од кои СЈ компани е регистрирана како трговско друштво за трговија, производство и услуги (постои од 1996 година), а Инвестмент интернационал е друштво за градежништво, трговија и услуги (постои од 2005 година), нема претходни податоци.

На четвртото и петтото место се исто така фирми што имаат ист сопственик, Рајес Леменс. АИМ инвестментс се позиционира меѓу петте најпрофитабилни со добивка од близу 2,3 милиони евра, а АИМ проперти со добивка од 1,4 милиони евра. Сепак, за нив имало и подобри времиња. Станува збор за друштва за трговија и услуги, при што кај првата годишното намалување на добивката е ‒ 10,74, а кај втората ‒ 7,81 насто.

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ ‒ ПРИХОДИ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 107 ИЛЈАДИ ПРОЦЕНТИ!

Од петте компании без вработени, а со највисоки приходи, четири се занимаваат со трговија на струја, а кај три има опаѓачки тренд во споредба со 2023 година. Но, една фирма успеала да го зголеми приходот за неверојатни 106.872,69 насто. Сите заедно лани направиле приход од 154,3 милиони евра, што е за триесетина, поточно за 28,93 насто помалку од прекланските 217,1 милион евра.

Првото место со приход од 62,2 милиони евра го зазема ХСЕ Мак енерџи. Во 2023 година приходите ѝ биле за 44,24 насто поголеми, т.е. во износ од 111,6 милиони евра. Инаку, фирмата основана во 2009 година е во сопственост на Холдингот Словенски електране д.о.о. Љубљана.

Пад од 25,25 насто е регистриран кај приходите на МВМ партнер, кои лани изнесувале 37, а преклани биле близу 50 милиони евра. Друштвото за трговија со електрична енергија, кое постои од 2014 година, нема вработени, но има петмина управители, Унгарци. Во сопствеништво е на МВМ партнер акционерско друштво од затворен карактер за трговија со енергија.

Целиот текст прочитајте го на Пари.ком.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Перински: Нови 116 милиони денари за 47 проекти за поддршка на развојот на најмалку развиените региони
Следна Статија Финансиската полиција ќе го чешла случајот Александрополис за сторен криминал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова инвестиција: Швајцарска фармацевтска компанија влегува во Македонија, 500 добро платени вработени

Приоритет на оваа Влада е привлекување на нови странски инвестиции. Инвестиции и нови работни места, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на…

May 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Митева: Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање

Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот кој вчера наиде на бројни критики од страна на…

December 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка,…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, тоа е добро за граѓаните и туристите, рече Мицкоски

До крајот на месецот очекуваме нови 60 километри фронт и работа на три паралелни локации, а тоа е Гостивар-Бујојчани, Прилеп-Битола…

March 12, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?