Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано
ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

Објавено June 12, 2025 10:40
Сподели
Сподели

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани за околу година и пол. Со ова ќе се елиминираат паушалите на сметките. Овие новини се предвидени во новиот Закон за енергетика.

Во меѓувреме, граѓаните на сметките ќе можат да прочитаат колку од неплатеното е потрошена електрична енергија, а колку паушал и ова се очекува да се случи од јулската сметка.

Според надлежните се отчитуваат 85 отсто од броилата, таму каде што не се отчитува станува збор за затворени објекти или објекти каде што не може да се влезе, велат од Министерството за енергетика кое со цел подобро информирање на јавноста и потемелно запознавање со новините што ги носи новиот Закон за енергетика, започна серија отворени брифинзи и дискусии со енергетските чинители, институциите и медиумите.

Првиот настан од оваа серија под наслов „Можностите на новиот закон за енергетика, со особен осврт на мрежните оператори и електродистрибуција на електрична енергија“, се одржа во едукативниот центар на Матка, во присуство на Александар Пауноски, Заменик директор на МЕПСО и Сашо Салтировски, Директор на Електродистрибуција,

Настанот го отвори Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која во своето обраќање нагласи дека законот, кој опфаќа над 300 страници детална регулатива, претставува историска реформа во македонскиот енергетски систем:

Овој закон конечно ги модернизира ’правилата на играта‘ – од производство до потрошувачка. Особено важна е преобразбата на електродистрибутивниот систем. Секоја промена што ја донесовме има конкретен ефект: попрецизни сметки, повисоки стандарди и појасна одговорност – истакна таа.

Божиновска во своето обраќање нагласи дека законот, кој опфаќа над 300 страници детална регулатива, претставува историска реформа во македонскиот енергетски систем и додаде дека сè што е добра практика во ЕУ се имплементира во Законот за енергетика.

Волфганг Маиер, извршен директор на ЕВН Македонија, истакна дека новиот закон го поставува темелот за дигитализирана, транспарентна и ефикасна електродистрибуција.

Како компанија, веќе работиме на ефективна примена на сите новини предвидени со законот. И можам да кажам дека ова е навистина добар закон кој ќе придонесе за унапредување на енергетиката во земјата – рече тој.

Во рамки на сесијата беа претставени повеќе клучни новини, меѓу кои:

· Обврска за паметни броила – до 2031 година, 80% од домаќинствата ќе имаат паметно броило, со што се укинуваат проценките, а сметките стануваат потполно точни и проверливи.

· Засилена транспарентност – јасна и детална пресметка на тарифите и објаснување на сметките кон секој потрошувач.

· Зголемена одговорност на дистрибутерите – конкретни обврски за време на интервенција, известување и известувачка отчетност.

· Поголема заштита на потрошувачите – подобрени механизми за надомест при прекини или штети и нови регулаторни алатки за кориснички приговори.

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани за околу година и пол соп. Смарт броилата е само една од реформите кои ги носи новиот Закон за енергетика. Со ова ќе се елиминираат паушалите на сметките. Во меѓувреме граѓаните на сметките ќе можат да прочитаат колку од неплатеното е потрошена електрична енергија, а колку паушал и ова се очекува да се случи од јулската сметка. Според надлежните се отчитуваат 85 отсто од броилата, таму каде што не се отчитува станува збор за затворени објекти или објекти каде што не може да се влезе

Александар Пауноски, заменик-директор на МЕПСО, подвлече дека операторот на преносниот систем е подготвен за имплементација на новите технички стандарди.

Стабилноста на системот, приклучувањето на нови обновливи извори и намалувањето на загубите се директно регулирани со овој закон. Тоа ни дава силна основа за да работиме појасно, поефикасно и со повисоки цели – нагласи Пауноски.

Сашо Салтировски, директор на Електродистрибуција, пак, додаде:

Со овој Закон потрошувачот ќе има централно место и улога, сè се сведува на централизација и дигитализација. Ова е жив систем и сите чинители ќе треба да се вмрежуваат, а за тоа ни треба паметен систем. Обновливите извори дојдоа многу брзо, но добро се справуваме. Во наредните 20 години инвестициите во обновливи извори треба да се зголемат двојно. Но, ако за брзо време не почнеме со поставување батерии, ќе има проблем, бидејќи и сега капацитетите се исполнети 100 отсто. Ќе ни треба поддршка од луѓе и знаење за да ги забрзаме процесите. Сега имаме над 200 илјади смарт броила со далечинско отчитување и за 10 години ќе треба да ги смениме сите -. изјави Салтировски.

Со Законот за енергетика се воспоставува нова рамка за дигитализација, ефикасност и отчетност во енергетиката, со јасни придобивки:

· За граѓаните: подобра контрола и сигурност

· За бизнисите: стабилно и квалитетно снабдување

· За животната средина: поддршка на зелена транзиција

Министерката Божиновска најави дека Министерството ќе продолжи со серија едукативни и отворени настани во следниот период.

Ова е само почеток. Ќе ги отвориме темите за обновливите извори, гасификацијата, енергетската ефикасност и критичните минерали. Отворената комуникација со јавноста и засегнатите страни е услов за успешна имплементација – рече Божиновска.

Серијата брифинзи ќе се организирана во соработка со сите засегнати компании и институции во Македонија, а секој тематски настан ќе биде посветен на различен дел од законот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавена листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место
Следна Статија СДСМ: Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Љубчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Поранешниот премиер и актуелен бизнисмен Љубчо Георгиевски во поткастот „Бизнис Муабети“ вели дека десет години бил трговец, но дека дејноста…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извозот во земјава намален за 5,7 отсто – Македонија годинава најмногу тргувала со Германија и Велика Британија

Вкупната вредност на извозот на стоки во земјава, во периодот од јануари до август годинава, изнесува 5.190,2 милиона евра и…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Алфалтирањето на Кичево- Охрид продолжува и во зима

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од…

November 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и…

January 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?