Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови
СВЕТ

Пекинг откажа 700 летови поради бури и силни ветрови

Објавено April 12, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Кинеските власти денеска откажаа речиси 700 летови и ги затворија сите паркови и голем број историски локации во Пекинг, поради силни ветрови и песочни бури.

Двата големи меѓународни аеродроми – Пекинг Капитал и Дасин – откажаа вкупно 693 летови. Бурите, придружени со ветрови од над 140 км/час, урнаа стотици дрвја, оштетија автомобили и некои постари објекти во кинеската престолнина.

Истовремено, беа издадени предупредувања за дополнително влошување на временските услови, особено во северните и крајбрежните региони. Ветриштата во некои области достигнаа најголема сила во последните 75 години.

Меѓу затворените објекти во Пекинг се и забавниот парк „Universal Studios“, како и историските знаменитости Забранетиот град, Летниот дворец и Храмот на Небото. Откажани се и спортски и други настани на отворено.

Песочните бури се честа појава во сувиот север на Кина, каде што се наоѓаат пустините Гоби и Такламакан, но и покрај децениските напори за нивно сузбивање, тие сè уште претставуваат сериозна закана, особено за густо населените региони како Пекинг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан
Следна Статија Почина проф. др. Александар Ношпал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе решителни контрамерки на американските царини

Европската унија нема да остане без одговор на воведувањето на неоправданите царини од страна на САД и ќе преземеме соодветни…

February 14, 2025
СВЕТ

Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека верува оти ако војната со Русија…

April 29, 2025
СВЕТ

ЕУ плаќа по 120 евра дневно на секој учесник во антивладините протести во Грузија

На Делегацијата на ЕУ во главниот град на Грузија, Тбилиси, и се доделени значителни средства за поддршка на протестите и…

February 27, 2025
СВЕТ

Основачот на модната куќа „Манго“ загина во планинарска несреќа

Основачот на модната куќа Манго Исак Андик (71) загина во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?