Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа
МАКЕДОНИЈА

Перински: СДСМ и ДУИ се виновни ако не бидат донесени измените на Законот за локална самоуправа

Објавено August 29, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Министерот за локална самоуправа Златко Перински се надева дека до 12 септември, за кога е закажана последната седница во Собранието пред локалните избори, ќе бидат изгласани предлог-измените на Законот за локална самоуправа. Перински смета дека измените на Законот за локална самоуправа се неопходни за зголемување на демократијата на локално ниво. Тој ги обвини СДСМ и ДУИ дека со нивното однесување го спречуваат носењето на законот, и покрај месеците консултации со сите засегнати страни.

Перински истакна дека измените се од суштинско значење бидејќи воведуваат неколку клучни реформи како референдумско отповикување градоначалник, воведување комунален редар и поголема транспарентност.

Министерот посочи дека измените не содржат ништо спорно што би ги обременило другите процеси, туку, напротив, ќе го подигнат квалитетот на локалните услуги и ќе ја зголемат демократијата.

„Се надевам дека ќе бидат донесени бидејќи тоа ќе биде и последна можност да се изгласа законот. Во предлог-измените во преодните и завршни одредби стои дека законот откако ќе се изгласа ќе почне со негова примена практично на следните редовни локални избори. Така што ако не го фатиме овој турнус тоа значи дека градоначалниците, согласно новите мандати, не ќе може да се применува“,рече Перински.

Прашан како недонесувањето на овие предлог-измени ќе се одрази врз работата на идните градоначалници што во тој случај нема да мора да стравуваат од тоа дека ќе бидат разрешени, Перински вели дека со тоа ќе се потврди дека СДСМ и ДУИ се виновни што градоначалниците ќе останат единствените јавни функционери што нема да имаат можност за отповикување.

Прашан кои се конкретните барања и забелешки на ДУИ и СДСМ, Перински рече дека немаат добиено ништо конкретно од нивна страна.

„Дури и кога беше законот на собраниска комисија на прво и второ читање она што беше применливо во рамки на системскиот закон за локална самоуправа предложено од ДУИ, од СДСМ беше прифатено и интегрирано преку нивните амандмани“,рече тој.

Во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, меѓу другото, се предвидува референдумско отповикување градоначалници, воведување комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маж ја тепал бремената сопруга во петти месец, обвинителството бара притвор
Следна Статија На „Долно Блаце“ приведен косовец, дел од мрежа која ја оштетила државата за 430 милиони денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дефектот е отстранет: Бројот 192 повторно е во функција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека дефектот на линијата 192 е отстранет и истата функционира нормално. Имено, бројот…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со делегација на Безбедносната конференција во Минхен

Премиерот Христијан Мицкоски кој ја предводи владината делегација на Безбедносната конференција во Минхен се очекува за време на форумот да…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

За многу години Митровден: Го празнуваме Св. великомаченик Димитриј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври. Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?