Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата?

Објавено February 14, 2026 12:50
Сподели
Сподели

Фотографијата на која јасно се гледа Венко Филипче во друштво на газдата на фабриката со илегалната марихуана, Тони Котев, упатува на директна вмешаност на Филипче во шверцот со илегалната дрога. Телевизискиот настап на Филипче во кој ја негира врската со поранешниот функционер на СДС, а воедно и реалниот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“, Тони Котев, е уште една од низата манипулации и замајување на јавноста од страна на СДС и Филипче, кои ги разобличивме преку оваа фотографија, обвинува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

 

-Евидентно од сликата на која Филипче и Тони Котев стојат рамо до рамо, како петок и сабота, укажува на доброто познанство и соработката помеѓу нив. И наместо СДС и Филипче да прават замена на тези, и да бегаат од одговорност, треба да и одговорат на јавноста зошто се толку вознемирени и хистерични за заплената на овие 30 тони дрога? Дали стравот е испровоциран од инволвираноста на Филипче и Заев во наркотрговијата? Од каде предзнаења на Филипче за тоа колку камиони се потребни за одредена количина дрога? Дали промена на Правилникот за одгледување на канабис од 2023 година ја направија за олеснување на нарко-бизнисот? И Филипче и Заев се синоним за криминал и корупција во Македонија, прашањето е колку изнесува вкупниот профит од сите криминални зделки кои ги направиле за време на нивното владеење, вели тој.

Петрушевски порачува дека јавноста заслужува одговори и еднакво владеење на законот за сите.

Затоа го повикуваме ЈО, да ја истражи релацијата на Заев и Филипче во случајот со 30-те тони запленета марихуана, рече пратеникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Japan says it seized Chinese vessel amid tensions with Beijing – BBC
Следна Статија Gold Steadies After Sharp Drop Sparked by Wider Market Jitters – Bloomberg.com

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Спасовски понудил оставка како координатор на пратеничката група на СДСМ

Уште една потврда дека врие во СДСМ по катастрофалниот дебакл на локалните избори. Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни…

November 26, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: Филипче заедно со Чупеска, Шукова и Каранфилова не исполнуваат услови да бидат раководство на СДСМ

Софија Куновска, гостуваше во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Таа говореше за причините поради кои што ја напуштила…

May 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Уставните измени не се ризик, блокадата на европскиот пат е ризик

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување на Ора24.тв порача дека патот на државата кон Европската Унија е јасен, но…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?