Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев?
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали Филипче ја подготвувал продажбата со зголемување на буџетот на Клиничката болница Жан Митрев?

Објавено January 22, 2026 13:19
Сподели
Сподели

Случајот со Клиничката болница Жан Митрев, во кој сегашниот претседател на СДС, Венко Филипче, а за време на владата предводена од СДС се обидувал да ја преземе здравствената установа претставува сомнеж за злоупотреба на моќта и директен удар врз владеењето на правото. Филипче веројатно ја подготвувал продажбата, со зголемување на буџетот на Клиничката болница, обвинува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информации до кои дојде ВМРО-ДПМНЕ, оваа Клиничка болница има најдобар буџет токму за време на владата на СДС, поточно кога Венко Филипче бил на власт. Што велат бројките? За 2015 година буџетот е 361.600.000 денари. Истиот се зголемува во 2017 година на 406.600.000 денари, а во 2018 година повторно се зголемува на 457.000.000 денари. Во 2019 година има уште едно поголемо зголемување или 612.000.000 денари, за во 2020 година достигне 682.000.000 денари или скоро 11 милиони евра. Еве ги податоците и за наредните години: За 2021 година, 602.000.000 денари, за 2022 година, повторно 602.000.000 денари, за 2023 година, околу 548.000.000 денари, за 2024 година, околу 515.000.000 денари, а во 2025 година или минатата година е намален на 479.883.000 денари, истакна тој.

Петрушевски посочи дека бројките се повеќе од јасни и дека Филипче правел огромен прилив на средства кон Клиничката болница Жан Митрев.

-Замислете сето ова го правел човек кој требал да ја креира здравствената политика и кој бил директно одговорен за функционирањето на здравствениот систем. Филипче наместо грижа за граѓаните се занимавал која болница да преземе, како да ја изнуди од сопственикот со нудење помош за судска постапка што пак укажува за некакво целосно влијание врз системот. Со години слушаме за апетитите на другарите Заев и Филипче и кон приватниот здравствен сектор. Несомнено дека јавното обвинителство има многу работа. Обвинителството мора да се ангажира за овој и слични случаи, посочува пратеникот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Рама во Валона на вечера со Иванка Трамп и група архитекти
Следна Статија Тинејџерка тешко повредена откако ја удрил автомобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Дали ДУИ и Левица ја официјализираат соработката во пресрет на вториот круг од локалните избори!

Фотографија од кафе средба меѓу кандидатката на Левица од Тетово и функционер на ДУИ повторно ја отвори дебатата – дали…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не вреди да му се посветува толку внимание на Али Ахмети и неговите изјави

Ако тоа не го каже Али Ахмети, по што друго би останал впечатлив пред почетокот на кампањата? Праша претседателот на…

September 25, 2025
ПОЛИТИКА

Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп

Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ:

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?