Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пеце Мирчевски доби нови 30 дена, екс-директорот на СОЗР од СДСМ останува во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пеце Мирчевски доби нови 30 дена, екс-директорот на СОЗР од СДСМ останува во притвор
ХРОНИКА

Пеце Мирчевски доби нови 30 дена, екс-директорот на СОЗР од СДСМ останува во притвор

Објавено March 11, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Влада на Република Македонија, Пеце Мирчевски од СДСМ, останува во притвор.

Тој денес доби продолжување на мерката за нови 30 дена.

Минатиот месец судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му определи прва мерка притвор во траење од 30 дена на Мирчевски.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за определување мерки за обезбедување против едно лица поврзано со истрагата за Службата за општи и заеднички работи при Влада на РМ, по произнесување на осомничениот во присуство на негов бранител и Јавниот обвинител, донесе решение со кое: Се прифаќа предлогот на Јавниот обвинител и на осомничениот П.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Можност да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, соопштија тогаш од Основниот кривичен суд Скопје.

Мирчевски беше уапсен на 5-ти февруари годинава кога Финансиската полиција отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор.

Заедно со Мирчески уапсен беше и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари
Следна Статија Црногорците објавија ВИДЕО од моментот кога Костелиќ бил лоциран во морето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ова е судијката која го ослободила од притвор Васил кој ја усмрти Фросина

Васил Јанев кој завчера ја усмрти младата Фросина Кулакова возејќи со 130 километри на час на булеварот партизански одреди, лани…

January 31, 2025
ХРОНИКА

Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска

Едно лице загина, а едно е повредено откако автомобилот во кој се возеле удрил во лос во близина на влезот…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Еве како изгледа играта поради која најмалку 11 деца од Скопје завршиле во болница

Единаесет деца се повредени и се примени во градската болница во Скопје по новиот предизвик на социјалната мрежа „Тик ток“,…

December 6, 2024
ХРОНИКА

Си замина Кили

Инфаркт во сон е причината за смртта на познатиот македонски актер Кирил Поп Христов-Кили. Легендарниот глумец живееше на Еквадор, каде…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?