Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Повторно одложено судењето за Веапоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Повторно одложено судењето за Веапоска
МАКЕДОНИЈА

Повторно одложено судењето за Веапоска

Објавено February 14, 2025 20:20
Сподели
Сподели

Родилката од Дебар Јилдиз Веапоска која остана без матка, бубрег и јајник, судницата ја напушти со солзи. Дешното рочиште закажано после цели 10 месеци, повторно беше одложено. Одбрана на прво обвинетите лекари Мухамед Асани, поранешен директор на струшката болница и неговиот син Блертон Асани го спори супервештачењето кое се чекаше безмалку една година, а требаше да го изработи судско медицински одбор од Медицинскиот факултет во Скопје. Во случајов потписници на овој важен документ се еден професор од Медицинскиот факултет во Скопје и двајца надворешни членови.

„Сега ќе треба од страна на институцијата да се произнесат дали при формирањето на тимот имало некакви пречки поради што се барани надворешни членови, или се скокнати членовите од некоја неоправдата причина.Меѓутоа заради таа цел го дадовме на произнесување и откако ќе го добијам одговорот ќе одлучам дали вештачењето ќе биде прифатено како доказ или не” вели судијата Јордан Јованов

Не верувам дека Медицински факултет ќе направи таков аматерски, почетнички чекор ова се потези на очајници-вели адвокатот на Веапоска.

„Знаете што е суштината овде, овде е суштината што супервештачењето покажува кој направил пропусти во оперативниот зафат“ вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Од мене направија инвалид – неутешна е Веапоска која три години чека правда, а има само една желба.

„Да има пресуда и да има затвор, да нема условна казна и еднаш засекогаш да знаат докторите дека ако има лекарска грешка таа грешка треба да биде пресудена и треба да имаат одговорност за секое сторено кривично дело“ вели Јулдиз Веапоска-родилка од Дебар

Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година, делото застарува во 2026-та година, судијата уверува дека до тогаш ќе има пресуда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново поглавје во животот до крајот на февруари за три хороскопски знаци
Следна Статија Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи – одлука во понеделник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)

МПЦ-ОА и верниците во земјава денеска го слават денот посветен на  Преподобна Параскева (Петка), во народот познат и како Петковден.…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Eрдоган доаѓа во Македонија

Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој…

March 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Абази: Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните

Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите…

January 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?