Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан
СВЕТ

Пожарникарите поставија оџак на покривот на Сикстинската капела во Ватикан

Објавено May 2, 2025 10:59
Сподели
Сподели

Процесот на подготовка за конклавата за избор на нов папа продолжува, при што денеска беше поставен оџакот на Сикстинската капела, од кој ќе излегува чад за време на гласањата за избор на следниот поглавар на Римокатоличката црква.

Пожарникарите беа забележани на покривот на Сикстинската капела како го поставуваат оџакот – клучен момент во подготовките за конклавата на 7 мај.

По секои два круга гласање во Сикстинската капела, гласачките ливчиња на кардиналите се палат во посебна печка за да се покаже резултатот од гласањето пред надворешниот свет. Ако при гласањето не се избере папа, ливчињата се мешаат со патрони што содржат калиум перхлорат, антрацен (компонента на јагленовиот катран) и сулфур, за да се добие црн чад. Кога, пак, гласањето ќе определи победник, ливчињата се мешаат со калиум хлорат, лактоза и хлороформна смола, за да се добие бел чад.

Белиот чад се појави од оџакот при петтото гласање на 13 март 2013 година, а малку подоцна кардиналот Хорхе Марио Бергољо беше претставен пред светот како папа Франциск од централниот балкон на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

Поставувањето на оџакот се одвива во услови на пристигнување на кардиналите во Ватикан за уште еден ден од предконклавните дискусии за идните потреби на Католичката црква и за тоа каков папа треба да ја предводи.

Во овие консултации учествуваат сите кардинали, вклучително и оние на 80-годишна возраст, кои според прописите немаат право на глас на самата конклава. Во последните денови тие слушаа извештаи за тешката финансиска состојба на Ватикан и имаа можност да разговараат одделно за идните приоритети и за проблемите што ги забележале за време на понтификатот на Франциск.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Субвенции за струја побарале 745 домаќинства – во јуни ќе се знае кои од нив ќе добие по 1000 денари
Следна Статија Вучиќ: Ќе се сретнам со Трамп, Путин и Си, кој друг може да го направи тоа?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уште еден американски авион се урна над Ормуз

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна  во регионот на Персискиот Залив, изјавија двајца американски функционери за…

April 4, 2026
СВЕТ

Лувр ја процени вредноста на украдените експонати на 88 милиони евра

Француските власти соопштија дека материјалната вредност на предметите украдени при неодамнешната спектакуларна кражба во музејот Лувр изнесува околу 88 милиони…

October 22, 2025
СВЕТ

Велика Британија сака да го намали бројот на нелегални мигранти од Западен Балкан

Велика Британија ќе ги засили своите напори за справување со криминалните мрежи низ Западен Балкан кои ја олеснуваат нелегалната миграција,…

May 15, 2025
СВЕТ

1000 Украинци неделно пристигнуваат во Германија

Сè повеќе млади Украинци на воена возраст пристигнуваат во Германија. Како што пишува „Билд“, бројот на Украинци на возраст од…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?