Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пожар во и околу фабриката за оружје и муниција во Самоков – експлодирале буриња со хемикалии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пожар во и околу фабриката за оружје и муниција во Самоков – експлодирале буриња со хемикалии
МАКЕДОНИЈА

Пожар во и околу фабриката за оружје и муниција во Самоков – експлодирале буриња со хемикалии

Објавено July 7, 2025 17:58
Сподели
Сподели

По повторното активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населбата Самоков во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација, информираат од Центарот за управување со кризи. Во моментов се активни осум пожари во земјава, а еден е изгаснат.

Оттаму појаснуваат дека во текот на денешниот ден, околу 13 часот, од командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод, било пријавено повторно активирање на пожарот во кругот на фабриката за оружје и муниција АТС АММО во населба Самоков.

„Иако претходниот отворен пожар во магацинот беше локализиран пред неколку дена, во ноќните часови била забележана експлозија на буре со хемикалии складирани во веќе зафатениот магацин. Во текот на денот дошло и до втора експлозија на друго буре со хемикалии, по што пожарот повторно се активирал. Во моментот гори ниска вегетација и површина со трева и дрвја, и во кругот и надвор од кругот на фабриката. Пожарот засега нема зафатено производни хали или други магацински капацитети, но итно се преземаат мерки за негово спречување и локализација“, велат од ЦУК.

На терен интервенира една противпожарна екипа со едно возило од ТППЕ Македонски Брод. Поради сложеноста на теренот и опасноста од ширење на пожарот, градоначалникот на Општина Македонски Брод побарал поддршка од ТППЕ Прилеп и ТППЕ Кичево. ТППЕ Прилеп веќе упатила едно противпожарно возило со екипа на лице место.

Градоначалникот на Општина Македонски Брод преку повикувачкиот број за итни случаи 112 официјално побарал и воздухопловна поддршка за помош на копнените сили во справување со пожарот. Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ги процесуирал барањата до Министерството за внатрешни работи (МВР), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Од ЦУК најавуваат дека остануваат во координација со сите надлежни институции и ќе ја информира јавноста за понатамошниот тек во врска со овој пожар.

Од ЦУК информираат и дека до 14 часот, евидентирани се вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се во општина Прилеп: с. Бешиште – приземен пожар во мешана шума, општина Македонски Брод: с. Црешнево – гори деградирана дабова шума и грмушки, општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – нема активен пламен, но има чад во карпест дел, општина Чучер Сандево: помеѓу с. Блаце и с. Чучер – мешана шума и ниска вегетација, општина Македонски Брод: н. Самоков – во фабриката „Сувенир“ опожарен магацин/хала со гуми и палети, општина Македонски Брод: с. Слатино – гори лисната постелка и ниска вегетација
општина Старо Нагоричане: с. Белаковце – шумски пожар. Изгаснат е еден покжат во општина Чешиново-Облешево: с. Чешиново – стрниште.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце
Следна Статија По реакциите во јавноста, преиначена е одлуката: Во притвор оди мотоциклистот кој го усмрти Југослав и избега

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

И во 2025 година продолжуваме со инвестициите и вложувањето во одбраната, порача Мисајловски

Денеска во Регионалниот центар за односи со јавноста во Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје се одржа редовниот годишен брифинг со…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Агенцијата незаконски ме следела и злоупотребувала државни ресурси

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „360 степени” зборуваше за неговото физичко следење од страна на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ денеска во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски за загадувањето, но и зошто заедно со…

November 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?