Познато кога ќе биде погребан Саша Поповиќ

- Advertisement -

Саша Поповиќ, основачот на Гранд продукција, почина денеска на 70-годишна возраст по кратка и тешка битка со тешката болест.

Поповиќ починал во болница во Париз, каде што последните денови го посетиле бројни пријатели.

Погребот на Саша Поповиќ ќе биде во четврток во Белград, а истиот ден ќе биде закажана и комеморација.

Детали за местото и времето на погребот ќе бидат дополнително објавени.

Сподели ја оваа статија