Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Покровител на годинешниот коњички „Илинденски марш 1978“ е премиерот Мицкоски

Објавено July 9, 2025 19:39
Сподели
Сподели

На конкурсот за учество на традиционалниот коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“ по 47. пат по повод најголемиот македонски национален празник – Илинден, годинава се пријавија околу педесетина коњаници, посочуваат од организацијата на традиционалниот коњички марш.

-Коњичкиот марш традиционално стартува од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром кога на коњаниците им се предава општинското знаме, а крајната дестинација е Крушево, каде што треба да стигнат на 2 август. Коњаниците придружувани од фаланга и игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните се упатуваат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.

Пред испраќањето на илинденците, секоја година се одржува свечена литургија, по што традиционално се организира и богата музичка програма со настап на познати македонски естрадни уметници.

Покровител на коњичкиот марш е претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, а Општина Аеродром финансиски ќе го поддржи настанот како една од најголемите и најзначајните манифестации во Аеродром, со цел да продолжи негата традицијата и македонската култура.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Минималните температури од утре ќе се спуштат до 7 степени: Ни доаѓа големо разладување
Следна Статија Мицкоски: Склучивме Меморандум со Казанџи груп за градба на гасни централи во вредност од една милијарда евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Доаѓа нов бран на обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски ѝ понуди помош на Швајцарија – македонски лекари можат да помогнат во лекувањето на повредените во пожарот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера попладне информира дека по трагичната несреќа што се случи за…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поднесени двe обвиненија за ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ на „Онкологија“: 29 пациенти примиле несоодветна, а 16 примиле непотребна терапија

Скопското обвинителство поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“ со која се опфатени шест лица и тоа медицинскиот директор, организацискиот директор…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?