Дежурната служба во поликлиниката „Бит Пазар“ доби педијатриски дежурен пункт што ќе функционира секој ден од 19 часот до 7 часот наутро и 24 часа за викенд.
Целта на отворањето на овој пункт е да се намали метежот на Клиниката за детски болести. Во пунктот ќе има и лаборториски анализи, децата кои имаат одредени потешкотии ќе бидат испратени во клиниката за детски болести.
Министерот за здравство Таравари рече дека дефицит на педијатри има, но дека со организација во здравствените домови да има дежурни служби со цел да се намали притисокот врз клиничкиот центар. Таравари го повтори ветувањето дека ќа има и вработување на приватните специјализанти и медицински сестри.
Во моментот најголем интерес за специјализација има за гинекогија и кардиологија. Според директорот дефицитарни кадри во поликлиниките се невролозите, дерамтовенеролозите.