Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла
МАКЕДОНИЈА

Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла

Објавено September 13, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој што се уште има чадење.

-По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени разговори со вработените. Проверките продолжуваат и понатаму, информираат за МИА од полицијата.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува денеска да биде затрупан делот од депонијата „Дрисла“, каде по пожарот се уште има чадење. Ангажирана е побројна механизација (багери, булдожери, камиони), кои го чистат и пробиваат местото каде се случува чадењето.

– Во овој момент напредуваме добро и очекувам во текот на денешниот ден добар дел од ова место да биде целосно затрупано. Побарав дополнителна механизација затоа што како што напредуваме со овие земјени патишта се отвора простор за поширок фронт за работа, за повеќе машини. Ангажирани се и повеќе патроли на полицијата, кои патролираат во околината и овде на депонијата „Дрисла“ и на депонијата Вардариште, рече Ангелов на денешната прес-конференција пред депонијата „Дрисла“.

Ангелов потсети дека вчера изработиле два пристапни земјени патишта низ заезерувањето од отпадна вода од самата депонија, која е длабока околу 1, 5 метар и која, како што рече, ги спречувала да дојдеме до самото место каде се случува чадењето. Потенцира дека нема горење, туку само чадење.

Депонијата Вардариште во овој момент е стабилна, нема никакво горење, но дополнително се работи на затрупување на местото каде изминатите денови чадеше. Во текот на ноќта бил употребен дрон со термална камера и биле поставени термални камери на неколку соодветни места со кои се набљудува просторот за евентуално да се пресретнат лица кои злонамерно би се движеле овде, со намера да ја запалат повторно, односно да го зголемат чадењето во депонијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Газа има над 200.000 убиени и ранети, тврди поранешен израелски командант
Следна Статија Новотни: Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозоците во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла, активистите најавуваат нова битка

„Приватната фирма која изнајмуваше машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница се повлече.  Ова е доказ дека народниот отпор…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска почнува грејната сезона

Од денеска почнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје што ќе трае до…

October 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Армијата е столб на стабилноста и мирот, преку три децении ја пишува својата приказна како вистински чувар на татковината

По прогласувањето на независноста во 1991 година, македонската Армија се стави на располагање на државата и граѓаните како гарант на…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се сретна со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста

Остварив средба со новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, информираше премиерот Христијан Мицкоски преку „Фејсбук“. Пријателската средба ја искористив…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?