Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
МАКЕДОНИЈА

Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња

Објавено October 16, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар.

Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.

– Согласно законските рокови и планот на ДИК денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Седумнасет тимови на ДИК во текот на денов заедно со обезбедување на МВР ја вршат дистрибуцијата на материјалот. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје, посочи Кондарко.

Битолската печатница изработи 254.262 испечатени страници на избирачките списоци и посебните изводи на избирачките списоци, потоа 8.692 обрасци оригинални записници како доверлив иборен материјал за утврдување на изборните резултати и 8.330 примероци на Браејево писмо.

– Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи, нагласи претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар, информира Вангел Талевски, генерален директор на АД печатница „Киро Дандаро“-Битола.

– Доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Искуството од минатото ни овозможи овој предизвик успешно да го реализираме. Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори. Најдолгото ливче е 500 милиметри, потврди Талевски. Државната изборна комисија денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар.

Во изјава за медиумите, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека седумнаесет тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.

– Согласно законските рокови и планот на ДИК денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Седумнасет тимови на ДИК во текот на денов заедно со обезбедување на МВР ја вршат дистрибуцијата на материјалот. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје, посочи Кондарко.

Битолската печатница изработи 254.262 испечатени страници на избирачките списоци и посебните изводи на избирачките списоци, потоа 8.692 обрасци оригинални записници како доверлив иборен материјал за утврдување на изборните резултати и 8.330 примероци на Браејево писмо.

– Во единствениот избирачки список запишани се 1.832.415 избирачи, а во земјава има 3.480, но в недела ќе бидат отворени 3.474 избирачки места бидејќи во шест избирачки места нема население, односно нула гласачи, нагласи претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Најдолгото ливче е 500 милиметри или половина метар, информира Вангел Талевски, генерален директор на АД печатница „Киро Дандаро“-Битола.

– Доверливиот материјал го испечативме во рекордно време, два дена пред зададениот рок. Искуството од минатото ни овозможи овој предизвик успешно да го реализираме. Оваа година листите беа прилично долги, но материјалите ги подготвивме соодветно на барањата на ДИК и се заврши добро. Гласачките ливчиња се со двојна видлива и невидлива заштита и подготвени за успешни избори. Најдолгото ливче е 500 милиметри, потврди Талевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три мандати на СДСМ, 12 години власт во Центар – од Буњаковец и Дебар Маало направија урбана Газа во срцето на Скопје
Следна Статија Судот го забрани најавениот штрајк од страна на синдикатот на контролори на летање

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко…

May 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Герапетритис и Мицкоски се сретнаа во Лондон

На многу добрата клима во билатералните односи, како што посочи портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу, одговарајќи на прашањето на…

November 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија подготвува нов пакет помош за Украина

Владата денес ќе донесе одлука за обезбедување нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски,…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од 1 јануари 2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака…

December 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?