Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поранешниот премиер барал преквалификација на делото: Скандалозно признание на Русковска за ургенцијата на Заев за „27 април“ (ВИДЕО)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Поранешниот премиер барал преквалификација на делото: Скандалозно признание на Русковска за ургенцијата на Заев за „27 април“ (ВИДЕО)
МАКЕДОНИЈА

Поранешниот премиер барал преквалификација на делото: Скандалозно признание на Русковска за ургенцијата на Заев за „27 април“ (ВИДЕО)

Објавено June 11, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во поткастот на А1он, на адвокатот Јанаки Митровски му призна дека поранешниот премиер Зоран Заев од неа барал преквалификација на делото за настаните од 27 април.

Ваквата нејзина изјава може да се смета за признание на извршено кривично дело, особено ако се земат предвид одредбите од Кривичниот законик. Потенцијалните прекршувања вклучуваат Примање награда за противзаконито влијание, Злоупотреба на службена положба и овластување (член 353, став 3 од Кривичнипот законик) и Трговија со влијание.

Контекстот е уште посложен ако се земе предвид фактот дека кривичната пријава за настаните од 27 април беше поднесена во март 2018 година, а Вилма Русковска беше именувана за шефица на Обвинителството во октомври истата година. Сомнежите се насочени и кон можен случај на награда или корист за противзаконито влијание, што е сериозен криминален чин.

Дополнително, ако е точно дека Русковска била запознаена со постоење притисоци или кривични дејствија од страна на тогашниот премиер, но не го пријавила тоа пред надлежните институции, може да се постави прашањето за евентуално прикривање нкривично дело.

Во тој период, токму Обвинителството со кое раководеше Русковска поднесе обвинение против 30 од 35 осомничени лица за настаните од 27 април, товарејќи ги за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Само шест месеци подоцна, таа беше официјално поставена на највисокото обвинителско место во државата за борба со организиран криминал.

Русковска беше и носител на други чувствителни истраги, меѓу кои и „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“, што дополнително го зголемува значењето на нејзината улога во правосудниот систем. Но, токму оваа нејзина улога сега е под сенка на сомнеж поради нејзината изјава за Заев, која засега не наидува на формална правна реакција.

Правните импликации допрва ќе се разгледуваат, но еден факт останува: кога обвинител јавно признава дека бил под политички притисок за преквалификација на дело со сериозни последици по државата – правдата не смее да остане нем набљудувач.

Во продолжение, погледнете го видеото во коешто Русковска признава кривично дело:

Пријави ли момава ваква работа која сега ладно ја признава?
Ако пријавила имало ли некаква процедура, постапка, исход, нешто???
Не а?! pic.twitter.com/KQVrSwHfYT

— John Priest (@john_priest_mk) June 11, 2025
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
Следна Статија Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Наставниците трпат притисок од родителите за децата да им бидат „скроз одлични“, оценувањето мора да се промени

Квалификациско тестирање е по закон и е предвидено со Конкурсот за упис на ученици, рече министерката за образование и наука…

June 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци

Покрај сите оние проекти коишто навистина прилично амбициозно и успешно ги работи Министерството за транспорт и ЈПДП, можам да напоменам…

June 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се надминат меѓусебните делби и да се обединиме: Сиљановска Давкова го честита 11 Октомври

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. 11 Октомври е…

October 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Судијата Ферати обвинетиот го осудил со максимална казна затвор, реагираат тетовските судии

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска излезе со соопштение во кое детално се објаснува…

April 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?