Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри
ХРОНИКА

Постапката за пожарот во дискотеката „Пулс“ запрена за 11 лица, меѓу кои двајца поранешни министри

Објавено June 13, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Постапката се запира за вкупно 11 лица, бидејќи за нив нема доволно докази од кои и за двајца поранешни министри, соопшти републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во врска со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Значи за двајца министри се запира постапката, во период кога истите биле министри, не можам да ви кажам кои, имајќи предвид за другите имаат обвинение, за периодот кога биле на функција, рече Коцевски.

Дополни дека постапката се запира и за едно лице кое е починато, а за едно лице е во прекин поради здравствената состојба.

Тој истакна дека обвинителите одлучиле да се води единствена постапка, бидејќи бројот на лица опфатени во обвинението, кое е на 40 страници, не е голем.

Прашан дали имаат докази кој ја внел пиротехниката на концертот на групата ДНК, Коцевски одговори дека имаат докази.

-Обвинителството е сигурно, кој како и на кој начин ја има внесено пиротехниката. Сѐ е истражувано и во текот на постапката ќе се открие, рече Коцевски на денешната прес-конференција.

Што се однесува за одговорноста на вработени во Државниот пазарен инспекторат обвинителите посочија дека во оваа ситуација поинаку е постапувањето.

-Обезбедени се докази за постапувањето на локално ниво. Надлежностите на повисоко ниво биле во план, во овој случај има докази за целиот период имал план, но тој план несоодветно се спроведувал. Што значи тоа? Тоа значи дека да тие излегувале на лице место, но, пренесувале погрешна информација „дека сѐ е во ред, дека се исполнети услови“. Заради тоа оваа ситуација поинаку е цената доколку се обезбедат докази и понатаму за нивна одговорност секако дека постои можност, рече една од обвинителките која е дел од тимот од предметот.

Обвинителот не сподели конкретни информации околу обвинетите, со објаснување дека обвинителниот акт сѐ уште нема правна сила, а во однос на прашањето зошто никој од актуелната власт не се годни, имајќи предвид дека биле на функција во моментот на несреќата, одговори дека е чудно што во период од десет години никој не вршел надзор во дискотеката.

-И нас ни е чудно како целиот период од најмалку десет години никој таму не вршел надзор. Во однос на вашето тврдење дека бил заштитен од власта во период од 1012 година се менувале повеќе власти, рече Коцевски.

Државниот јавен обвинител Коцевски истакна дека во текот на истрагата беа опфатени 47 лица и три правни лица, а сега во обвинението се 34 лица и три правни лица за случајот со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во којашто животите ги загубија 62 лица, а над 200 се повредени.

На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе објави нови имиња на кандидати за градоначалници
Следна Статија Николоски: Делови од патот кон Свети Наум не беа ни чепнати уште од времето на генерал Карангелевски, кога патот бил граден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Немам веќе ни сила, ни здравје: Повторно одложен судскиот процес за Јилдз Веапоска

Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето…

September 9, 2025
ХРОНИКА

Возела пијана, предизвикала сообраќајка и избегала – приведена тинејџерка од Радовиш

Вчера во 06.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода Т.К.(19) од Радовиш. Taa…

June 30, 2025
ХРОНИКА

Во тешка несреќа загина возач од Струмица

Вчера околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиље,…

February 16, 2025
ХРОНИКА

Семејството на Фросина се заблагодари до Пандов: „Ја враќате вербата дека државата конечно функционира“

Семејството на Фросина Кулакова која загина на пешачки премин на булеварот Партизански одреди пред пет дена, се заблагодари на раководството…

February 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?