Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр
СВЕТ

Потера по четворица осомничени по дрскиот грабеж на „непроценливиот“ накит во Лувр

Објавено October 20, 2025 19:54
Сподели
Сподели

Во неделата наутро, Париз беше потресен од спектакуларен грабеж во музејот Лувр, каде четворица крадци во рок од само седум минути успеале да избегаат со колекција од „непроценливо“ скапоцен накит – дијаманти, смарагди, сафири и крунски украси што некогаш им припаѓале на француските кралици.

Како се случил грабежот

Според париската полиција, осомничените пристигнале во две возила – камион и два мотори. Маскирани како градежни работници, облечени во жолти елеци и со поставени сигнални конуси околу камионот, тие симулирале градежни активности на улицата покрај музејот, во близина на Сена.

 

Користејќи мобилна подвижна скала, какви што користат служби за транспорт на мебел, се искачиле до вториот кат и влегле преку терасата во прочуената Аполонска галерија, каде се изложени дел од највредните крунски накити на Франција. Со електричен сечач ја пробиле прозорската рамка и се влегле во музејот, активирајќи ја алармната сирена што продолжила да ѕвони додека тие излегувале.

 

 

Внатре, според полицискиот извештај, крадците скршиле две витрини – една со накитот на Наполеон и друга со крунските накити на Франција – и однеле девет парчиња со „непроценлива“ вредност.

 

Што било украдено

Меѓу украдените предмети, според француското Министерство за култура, се наоѓале:

 

дијадема (круна) од колекцијата на кралиците Мари-Амелија и Ортенз,

смарагдено ѓерданче и пар обетки што ѝ припаѓале на Мари-Луиза, втората сопруга на Наполеон,

голема брош-кокарда што ја носела императорката Евгенија.

Пред да побегнат, осомничените се обиделе да го запалат мобилниот лифт што го користеле, но неуспешно. Потоа побегнале со моторите, исчезнувајќи во центарот на Париз.

 

Истрагата во тек

Француските власти потврдија дека случајот се третира како организиран криминал и кражба со предумисла, а истрагата ја води специјализираната Бригада за сузбивање на бандитизам при Националната полиција. Околу 60 истражители работат на случајот, а според обвинителката Лор Бекуо, се истражува и можноста за странска вмешаност, иако засега се третира како внатрешен случај.

 

Министерот за внатрешни работи Лоран Нинез изјави дека „сè се прави за сторителите да бидат фатени што е можно побрзо“.

 

Реакцијата на Макрон и јавноста

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече грабежот „напад врз француското наследство кое е дел од нашата историја“. Тој вети дека државата ќе направи сè за накитот да биде пронајден и вратен во музејот.

 

Лувр веднаш беше затворен за посетители, а во понеделникот објави дека ќе остане затворен додека трае истрагата. На туристите кои купиле билети ќе им биде извршен поврат на средствата.

 

Полицијата сè уште нема трага за осомничените, но истражителите потврдија дека кражбата била изведена професионално, со прецизна координација и познавање на безбедносните процедури во музејот.

Франција, позната по строго чуваните музеи, не памети толку смел грабеж на културно наследство во последните неколку децении.

Извор: Abcnews

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хорор во регионот: Мајка се породила и го фрлила бебето во тревник, ја пронашле крвава на влез од зграда
Следна Статија Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Келог: На два метра сме до крајот на војната

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог даде позитивна оценка за мировниот план на САД и…

November 23, 2025
СВЕТ

Толку од предлогот на Мерц за постепен прием на Западниот Балкан и Украина во ЕУ: Предлогот веќе е одбиен од словачкиот премиер Фицо

Европска комисија денеска потврди дека го примила писмото од германскиот канцелар Фридрих Мерц, во кое предлага забрзана интеграција на Западен…

May 22, 2026
СВЕТ

Линдси Халиган оддолжена од функцијата јавен обвинител по притисок од судии

Заминувањето на Халиган следуваше по два налози од сојузни судии во Вирџинија кои бараа нејзена замена и ја обвинија дека…

January 22, 2026
СВЕТ

Руски напад врз Суми: Најмалку 31 загинати и 83 повредени, меѓу нив и деца

Украинската државна служба за итни случаи издаде ново соопштение во кое се вели дека најмалку 31 лице, меѓу кои две…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?