Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова на Онкологија: „Се лечиме во странство, а вие уште крадете – Засрамете се сите без разлика на партија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова на Онкологија: „Се лечиме во странство, а вие уште крадете – Засрамете се сите без разлика на партија“
ЗДРАВЈЕ

Потресно сведоштво за секојдневната голгота на струмичанката Вања Андонова на Онкологија: „Се лечиме во странство, а вие уште крадете – Засрамете се сите без разлика на партија“

Објавено February 19, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Еден ден поминат на Онкологија во Скопје открива повеќе од тешкотиите на самата болест. Тоа е приказна за неизвесност, чекање и системски недостатоци што ги засегаат пациентите од целата држава. Вања од Струмица го сподели своето искуство, опишувајќи како изгледа еден нејзин ден кога доаѓа на терапија во главниот град.

“Станувам во 5 часот наутро, го будам моето седумгодишно дете за училиште и му велам да продолжи да спие бидејќи е уште темно. Ми поставува прашање: ‘Мамо, зошто одиш на болница во темно?’ Одговарам дека одам рано за да завршам порано и да се вратам дома, но реалноста е поинаква,” раскажува таа.

Патувањето од Струмица до Скопје за терапија е само почеток на предизвикот. Пристигнувањето рано не значи и побрзо завршување, бидејќи пред секоја врата чекаат пациенти од цела Македонија. Онкологија е единствената клиника во земјава што ги опслужува овие пациенти, што создава огромен притисок врз медицинскиот персонал и ограничените капацитети.

Недостаток на персонал и ресурси

„Докторите и медицинските сестри работат без пауза за да постигнат да се грижат за сите пациенти. Но, младите сестри си заминуваат бидејќи немаат плата и решенија за работа. Останува недостиг од персонал, а пациентите го чувствуваат тоа секојдневно“, додава пациентката.

Освен кадровскиот дефицит, пациентите се соочуваат со проблеми во лабораторијата за земање крв. „Постои само една лабораторија, а редиците се долги, со стотици пациенти кои чекаат. Со истата крвна слика се оди на дневна амбуланта, каде што повторно следи долго чекање,“ вели таа.

Инфраструктурни проблеми и опрема

Недостатокот на простор и столици е уште еден проблем. „Ходниците се тесни, а ние, пациентите, седиме по скали бидејќи нема доволно столици. Амбулантата за инекции веќе не работи, па сега сите пациенти, без разлика на видот на терапијата, чекаат во истите простории.“

Ова сведоштво открива и еден клучен инфраструктурен недостаток: постои само еден апарат за ПЕТ скен, дијагностички уред што е клучен за следење на болеста. „Еден апарат за толкав број пациенти. Ако се расипе, се чека со месеци за да се поправи. Често нема ни реагенси, па пациентите се принудени да бараат врски за снимање во други градови,“ предупредува пациентката.

Апел за промени

Во својот емотивен повик, пациентката бара одговорност и промени. „Не е нормално целиот товар да падне врз една клиника. Потребно е во секој поголем град да има барем по една соба за онколошки пациенти, со обучен персонал и неопходна опрема. Народот се лечи во странство со донации, додека овде се соочуваме со долгогодишна негрижа.“

Нејзината порака е јасна: „Некој мора да преземе одговорност и да вложи во здравствениот систем. Здравјето не смее да биде привилегија, туку основно право на секој граѓанин.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Скопје денеска беше одбележан јубилејот – 80 години ЈП Службен весник
Следна Статија По Берберските овци, угина и мајмун во скопската Зоолошка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Холестеролот не доаѓа од плескавиците и ќебапите

Познат професор открива која намирница е смртоносна за црниот дроб и дали треба да се јаде маст! Еден професор доктор…

February 18, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Бошковска: Се чини дека грипот го достигнува својот пик, Клиниката во Козле е полна

На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле на дневно ниво амбулантски се прегледуваат и до 250 пациенти,…

January 9, 2026
ЗДРАВЈЕ

Труење со храна во кумановски ресторан: Шест лица завршија во болница

Шест лица се разболеле поради труење со храна откако присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово, информираат…

September 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ракот на дојка бара системски пристап: Експертите повикуваат на рано откривање, превенција и едукација

Во услови на растечка инциденца и сѐ помлада возраст на пациентките, експертите алармираат – неопходно е подигнување на свеста, организиран…

October 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?