Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ
ХРОНИКА

Почина македонската легенда Драган Б. Костиќ

Објавено December 20, 2025 13:43
Сподели
Сподели

Утринава, сабота (20.Декември) по кратко боледување на 75 годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ.

Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на семејството.

Изминатите неколку месеци ДраганБ. Костиќ ја биеше својата најголема животна битка од која за жал не излезе како победник.

Човекот кој илјадници часови и пет децении зад радиомикрофонот ја забавуваше, информираше едуцираше својата многубројна публика… И не престана да го прави тоа дури во пензија.

Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите. Тој беше најпознат како водител од „Радио урнебес“, преку „Диско селектор“, и „Заборави ако можеш“, па се’ до „Кавервил“, „Чартфајл“, „Б.“… но и проектот чија приказна никогаш не беше до крај раскажана, зашто за „Сто приказни за сто песни“, оние што требаше најмногу да ги слушнат, останаа намерно „глувионеми“ или за значењето на истиот, едноставно не беа ниту свесни?!

Тој остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни, светските топ листи, сопственик на една од најголемите колекции плочи, човек кој целиот свој живот им го посвети на музиката и радиото, бардот на македонското радиоводителство, кој кон крајот на штотуку изминатата 2024-та година го одгра својот „Последен танц“… Оној – прошталниот ДЈ-ски по половина век естрадна кариера!

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осомничениот за пукање на Универзитетот Браун пронајден мртов во Њу Хемпшир, исто така уби професор на МИТ, велат службените лица
Следна Статија Инстаграм воведува ограничување на хаштаг спамот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…

April 1, 2025
ХРОНИКА

(Видео) Со „ауди“ се движеше по велосипедска патека во скопски Бутел: полицијата го пронајде и казни возачот

МВР соопшти дека го пронашле и го казниле возачот кој со автомобил се движеше по велосипедска патека во скопската населба…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека…

October 20, 2025
ХРОНИКА

Истрага против турски државјанин за обид убиство во Скопје: Со метален капак од шахта го удирал оштетениот во глава

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен турски државјанин за кого постои сомнение дека сторил…

May 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?