Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти
СВЕТ

Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

Објавено October 19, 2025 09:27
Сподели
Сподели

Италијанката Софија Коради, креаторката на образовната програма Еразмус што им овозможи на милиони млади луѓе да студираат во други европски земји, почина во Рим на 91-годишна возраст, објавија вчера италијанските медиуми.

Софија Коради, која подоцна ќе стане професорка на Универзитетот во Рим, како студентка доби престижна американска стипендија Фулбрајт, која ја однесе на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што дипломирала право.

Таа предложи и започна програма за размена
Кога италијанскиот образовен систем не ја призна нејзината американска диплома по нејзиното враќање, таа предложи програма за размена, која на крајот ја започна на ниво на Европската унија во 1987 година.

Оттогаш, околу 16 милиони студенти учествувале во програмата, според веб-страницата на Еразмус.

Програмата, управувана од ЕУ, поттикнува поблиска соработка меѓу универзитетите и високообразовните институции низ цела Европа.

Мама Еразмус“
Софија Коради, или „Мама Еразмус“ како што беше позната, рече дека идејата за програмата, родена за време на Студената војна, била нејзина „лична пацифистичка мисија“.

За италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој ѝ го припишува „раѓањето на Генерацијата Европа“, таа „ги инспирирала животите на милиони млади луѓе кои патувале, студирале и прифаќале различни култури“.

Таа сонуваше за европска младина збогатена со нејзината разновидност. Милиони студенти ѝ ги должат своите хоризонти“, рече францускиот претседател Емануел Макрон на социјалната мрежа Икс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени, соопшти МВР
Следна Статија Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп бесен, републиканците во неверување, новинарите на CBS го крателе интервјуто на Камала за да звучи поубедливо? Се појави и снимка (ВИДЕО)

Си-Би-Ес Њуз го уредуваше интервјуто со Камала Харис на тој начин што го отсекле нејзиниот одговор за ситуацијата на Блискиот…

October 10, 2024
СВЕТ

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили успеале да го сопрат напредувањето на руската армија во североисточната Сумска област…

June 14, 2025
СВЕТ

Мерц ја поддржува забраната на социјални мрежи за деца под 14 години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржа иницијативата за забрана на социјални мрежи за деца помлади од 14 години, предлог што…

February 18, 2026
СВЕТ

Трамп пресече: Утрешниот рок за постигнување договор со Иран е конечен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека рокот до утре, до 20:00 часот по источно време, што го постави за…

April 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?