Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина професорот, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина професорот, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски
ХРОНИКА

Почина професорот, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски

Објавено August 6, 2025 10:50
Сподели
Сподели

На 5 август почина истакнатиот професор, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски.

Роден е во 1934 година во Битола, каде завршил основно и средно образование. Редовните студии по англиски јазик и книжевност ги завршил во 1959 г. на Филолошкиот факултет во Нови Сад, а магистрирал во 1964 г. на Пенсилванскиот универзитет во Филаделфија, САД.

Докторирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1975 г. со докторската дисертација под наслов: Сложени именки во англискиот и македонскиот јазик- контрастивка анализа. Во академската 1975/76 г. престојувал на Универзитетот во Чикаго, САД, на постдокторски студии.

Цветковски се вработил на тогашниот Филозофски факултет во Скопје во 1961 г. како хонорарен лектор, а во 1962 г. бил избран за асистент по англиски јазик на Катедрата за англиски јазик и книжевност. По стекнувањето на научниот степен доктор по филолошки науки бил избран за доцент, вонреден професор и редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје.

На Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, Владимир Цветковски изведувал настава по предметите Историја на англискиот јазик и Англо-американска цивилизација, а исто така држел и вежби по предметот современ англиски јазик, часови по предметот Техника на преведувањето, како и вежби по преведување од англиски на македонски јазик. Покрај наставата не матичната Катедра, изведувал и настава по англиски јазик на повеќе факултети на Универзитетот во Скопје (Медицински, Електромашински, Филозофски и др.)

Владимир Цветковски повеќепати на подолго време престојувал во земјите од англиско говорно подрачје, посебно во САД. Така, по завршувањето на студиите престојувал на постдипломски студии на Пенсилванскиот универзитет во Филаделфија, а 1975/76 г. на Универзитетот во Чикаго. По изборот во звањето редовен професор, две учебни години, 1985/856, престојувал на Државниот универзитет во Портланд, Орегон, САД, каде држел настава по македонски јазик, г. Од учебната 1991/92 г. изведувал настава по предметот Историја на англискиот јазик на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш.

На Филолошкиот факултет во Скопје, Владимир Цветковски активно учествувал во работата на сите управни тела на Факултетот. Бил член на Извршниот одбор, член на Факултетскиот совет, продекан за настава во периодот 1980/82, декан на Филолошкиот факултет во периодот 1989/91 г.

Владимир Цветковски бил член на повеќе научни асоцијации и сојузи во земјата и странство, како што се: Друштвото на наставници по странски јазици, Југословенското здружение за применета лингвистика, Југословенско Шекспирово друштво – секција за Македонија, Југословенско-канадско друштво за литература и култура (претседател 1989/90), Асоцијацијата за австралиски студии и Друштвото за наука, Битола.

Владимир Цветковски активно учествувал на научни собири со реферати. Тој се занимава со прашања од областа на јазикот и книжевноста, книжевните и културните врски, како и со преведувањето. Тоа опфаќа студии и статии, осврти и прикази, преводи од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик. Неговата научна и стручна активност се огледува во неговите трудови од областа на јазичната проблематика, теоријата на преведувањето, културните и книжевните врски на Македонија со земјите од англиското јазично подрачје.

Во видокругот на неговото внимание се наоѓа книжевноста или одделни писатели од повеќе земји од англиско говорно подрачје (Австралија, Канада, САД), најчесто, но не и исклучиво, кога се во врска со македонската книжевност или Македонија. Во поглед на јазичните дисциплини неговото внимание е насочено на контрастивно изучување на англискиот и македонскиот јазик (транскрипција, хомонимија и полисемија, сложенки со редупликација), но и на јазикот како носител на културата.

Со својата педагошка, научна и преведувачка дејност, професорот Владимир Цветковски остави траен влог во развојот на англистиката, филологијата, како и во македонската култура и нејзиниот дијалог со светот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туристите „полудеа“ по оваа рајска дестинација: Цените се неверојатни – ноќевање 15 евра, оброк 1,5 евро… (ФОТО)
Следна Статија Историски високи приходи во Буџетот за јули

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезна 15-годишно девојче од Јурумлери

Вчера, жена од скопското село Јурумлери пријавила во полиција дека е исчезната нејзината 15-годишна ќерка, информираат од МВР. Во 8…

April 22, 2025
СВЕТ

Почина „омилениот судија“, Френк Каприо ја загуби битката со ракот

Френк Каприо, американскиот судија од Род Ајленд кој со својата добрина и човечност ги освои срцата на милиони луѓе ширум…

August 23, 2025
ХРОНИКА

Истрага по пронајдено тело во близина на железничка пруга во Либертивил

Метра потврдува дека лицето не е удрено од воз

January 4, 2026
ХРОНИКА

Притвор за неготинец кој принудил пријателка на полови дејства и потоа ја уценувал за пари

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела - полов напад и…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?