Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина 2-годишното дете кое со куршум беше повредено во новогодишната ноќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина 2-годишното дете кое со куршум беше повредено во новогодишната ноќ
ХРОНИКА

Почина 2-годишното дете кое со куршум беше повредено во новогодишната ноќ

Објавено January 2, 2026 11:19
Сподели
Сподели

Утрово на скопските клиники почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ, откако, според првичните информации, било погодено од заталкан куршум додека гледало огномет.

Детето во моментот на инцидентот се наоѓало надвор со својата мајка. Додека таа го држела во раце, детето било погодено од метален проектил, најверојатно залутан куршум, по што итно било пренесено во болница.

Најпрвин било згрижено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите констатирале крварење во мозокот, при што биле зафатени сите мозочни комори. Детето било во тешка и животозагрозувачка состојба и под постојан медицински надзор.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ, посочувајќи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент и дека околностите под кои настанал случајот сè уште се предмет на истрага.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Беше страшно: Сведоштва од трагедијата во Кран Монтана
Следна Статија Нов данок за благородни метали во Вашингтон: Можни повисоки цени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Има докази и сведоци дека пожарот кај Смилковско бил подметнат

Пронајдени се докази, а има и сведоци дека пожарот кај Смилковско Езеро е подметнат, открива градоначалникот на Гази Баба Бобан…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Трошел пари на шетања и ќефови: Кривична за поранешниот директор на ЦК „Григор Прличев“ од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење…

February 28, 2025
ХРОНИКА

МНР го организира транспортот на телото на Александар Карадакоски

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, преку Амбасадата на Република Македонија во Варшава, е во редовна комуникација…

April 4, 2025
ХРОНИКА

Тепачка во затворот Идризово

На 15.01.2025 во 13.38 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 14.01.2025…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?