Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон
ХРОНИКА

Почна судењето за криминалната група Беланоца-Барон

Објавено July 23, 2025 16:56
Сподели
Сподели

Специјалци со фантомки и вооружени до заби ги чуваа членовите на озогласената криминалната група „Беланоца-Барон“ кои седнаа на обвинителна клупа на првото судење во Кривичниот суд во Скопје. Сите се претежно млади луѓе, дел од нив со луксузни часовници, делуваа како да се бизнисмени, а не обвинети за серија убиста за превласт на скопското подземје. Меѓу нив беше и лидерот на групата Фатљум Ајети Тоте, потоа Акиф Равманоски кого претседателката Гордана Сиљановска Давкова го помилува, што предизвика огромни реакции во јавноста и Гани Туша осомничен за убиството на Орхан Бајрами викан Оки во Ханиоти во Грција. Обвинението е против девет лица, а други седум се во бегство и за нив е прекината истрагата. Поради неприсуство на неколку од адвокатите судењето се одложи, а следното се закажа во август во специјализираната судница во затворот Идризово поради безбедносни причини.

Групата е обвинета дека нарачувала и извршувала мафијашки убиства заради превласт во скопското подземје, одмазда, ниски побуди. Некои од убиствата се нарачувале од затвор, а во јавноста е познато тоа во „Шиша бар“ во скопската чаршија кога беа убиени водачите на спротивставената група „Дуќанџик-Грчеец“. Освен убиства, членовите на групата палеле објекти, автомобили и сериозно ја загрозувале безбедноста на граѓаните.

Според Обвинителството, во текот на 2020 година, тројца првообвинети создале организирана криминална група со цел извршување на сериозни кривични дела – пред сè убиства и други насилни дејствија. Организаторите на групата донесувале одлуки и давале конкретни насоки за цели, локации и начин на ликвидација на лица претежно од спротивставената криминална група. Дејствувале со јасна поделба на улоги, а плановите биле спроведувани од други членови – обвинети, починати или недостапни на органите на прогонот, а дел неидентификувани лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Зелен хуман град“ формира партија за да може да учествува на избори
Следна Статија Во петок ќе биде отворен привремениот граничен премин Стрезимир-Рестилица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Поднесени кривични пријави против двајца поранешни директори на Фондот за иновации

Против поранешен директор на Фондот за иновации и технолошки развој е поднесена кривична пријава за нереализиран проект на фирмата Хојо…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Во Тирана уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница

Албанската полиција соопшти дека уапсила 36-годишен македонски државјанин, по кој бил распишана меѓународна потерница за фалсификување на валута, пренесува Еуроњуз…

November 18, 2025
ХРОНИКА

ОЈО: Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, Ивана се заклучила и го извршила самоубиството

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против Стојанче Јовановски, за кого постои основано сомнение дека сторил…

March 7, 2026
ХРОНИКА

Oткриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички во вредност од 1,2 милиони денари

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од…

February 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?