Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува да се гради нови детска градинка во Ѓорче Петров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува да се гради нови детска градинка во Ѓорче Петров
МАКЕДОНИЈА

Почнува да се гради нови детска градинка во Ѓорче Петров

Објавено December 2, 2025 16:37
Сподели
Сподели

Нова детска градинка почнува да се гради во населбата Дексион, општина Ѓорче Петров. Како што појаснија надлежните, предвидено е да се состои од приземје плус еден кат. Вкупната бруто површина на објектот изнесува 1.030 квадратни метри. Капацитетот е шест групи на деца во различни возрасни категории. Рокот за завршување е две години од денот на воведување во работа.

Инвеститор е Општина Ѓорче Петров, изведувач „Вардарградба“ – ДОО, село Трубарево – Скопје, а надзор – „Диви Македонија“ – ДОО -Скопје. Вредноста изнесува 69.461.423,04 денари – без ДДВ или 81.964.479,19 денари – со ДДВ.

На официјалното започнување на градбата на градинката присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски и пратеникот Бојан Стојаноски.

Стојкоски изрази задоволство од настанот и се осврна на проектите што следуваат во иднина. Велковски му се заблагодари на градоначалникот за напорот што го прави за доброто на општината. Премиерот посака што побргу да се заврши објектот.

-Неколку градинки одеднаш се градат овде и убеден сум дека за многу кусо време од денеска, листата на чекање веќе нема да биде листа на чекање, туку секое дете коешто ќе сака да оди во градинка, односно ќе има потреба од сместувачки капацитет, ќе го има истиот, подвлече Мицкоски, додавајќи дека тоа е во насока на просемејните политики на оваа Влада.

фото: МИА

Со отворањето на оваа градинка, како што потенцираа надлежните, се очекува да се создадат нови 102 места за деца, што директно влијае на намалување на листите на чекање, да се подобри квалитетот на услугите за ран детски развој, да се отвори можност за вработување на повеќе воспитувачи, негуватели и стручни лица, да се подобрат условите за работа на постојните градинки преку растоварување на капацитетите, да се зголеми достапноста на предучилишните услуги за младите семејства во Дексион и околните населби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсена поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ Фредерика Могерини
Следна Статија Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Македонија е свесна за демографските проблеми со кои се соочува и нема проблем да го признае тоа, рече Премиерот Мицкоски…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Како се избира градоначалник во прв круг?

Резултатите од првиот круг на локалните изборите се очекуваат околу полноќ, кога ќе се знае колку кандидати успеале да го…

October 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Битиќи во анкетен лист не го пријавил накитот кој го украле крадците од неговиот дом

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?