Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнува Страдалната недела, ова се адетите за секој ден до Велигден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Почнува Страдалната недела, ова се адетите за секој ден до Велигден
МАКЕДОНИЈА

Почнува Страдалната недела, ова се адетите за секој ден до Велигден

Објавено April 13, 2025 19:26
Сподели
Сподели

Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението.

Оваа седмица се нарекува и Велика седмица, поради големината на настаните што се случиле во неа. 

На богослужбите во црквите се потсетува на последните земни денови на Исус Христос, неговото приведување и страдањето на крстот. Оваа седмица не се прават панихиди, помени и акатисти, заради посветеноста на целото внимание и молитва кон големите настани.

Во овие денови на Страдалната седмица, на трпезата, за храна се употребуваат само суви јадења. „И со тоа да бидеме задоволни“, вели правилото од Посниот триод. Постот трае сè до полноќта на Велика Сабота, односно до завршувањето на велигденската света Литургија.

На Велики понеделник црквата потсетува на осум библиски настани – четири од Стариот и четири од Новиот завет. Велики понеделник е: ден на старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа си, ден на пророчките виденија, ден на маките во ропството и ден на праведниот Јов, како и ден на бесплодната смоква, неправедните лозари, за крајот на светот и очистувањето на храмот.

На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт. На богослуженијата се читаат текстовите од Светото евангелие што ги опишуваат настаните што се случиле токму на Велики вторник, кога Исус Христос изговорил најмногу поуки и параболи во Ерусалим. Тоа се Неговите последни поуки и опомени пред да биде предаден и распнат.

На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.

На Велики четврток си спомнуваме за Тајната вечера и сè што се случувало тогаш – подготовката, миењето нозете на апостолите, поуката за смирението и братољубието, посочување на предавникот и излегувањето на Јуда од вечерата. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.

На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.

Велика сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста, исчекување пред Христовото Воскресение. На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.

Во недела е Велигден, денот на воскреснувањето на Исус Христос, кога ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ се објавува во сите православни храмови, а се одржуваат воскресенски литургии. Овој празник е спој на верата и традицијата. Широко е распространета традицијата кршење со велигденски јајца за здравје, благостостојба и напредок.

Велигден е тридневен празник кој покрај недела ги вклучува и понеделник и вторник.

На Велигден верниците се поздравуваат со поздравот „Христос воскресе“ и „Вистина воскресе“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Прифатени барањата на Обвинителството за новосомничените за пожарот во Кочани, притвор од 30 дена за четири лица, домашен притвор за шест
Следна Статија За четири часа казнети 247 возачи во Скопје, еден возач уапсен за безобзирно возење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат

Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на Струмица Валандово поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки

На крајот на 2023-та беше во скопска полициска станица поради многу пиротехника ставена во гепек, но на крајот на 2024-та…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Британска амбасада: Со потпишувањето на новото партнерство почнува нова ера во односите меѓу двете земји

Со потпишувањето на партнерството  Влада со Влада се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Македонија, што ќе ја зголеми…

May 23, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?