Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По години опозиција, станавте една од најуспешните политички сили во Европа – порача Орбан во видеообраќање од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > По години опозиција, станавте една од најуспешните политички сили во Европа – порача Орбан во видеообраќање од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

По години опозиција, станавте една од најуспешните политички сили во Европа – порача Орбан во видеообраќање од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено December 6, 2025 17:52
Сподели
Сподели

По долги години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ сега стана една од најуспешните политички сили во Европа. Ова е пораката што во видеообраќање од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ја испрати премиерот на Унгарија и лидер на унгарската национална конзервативна партија Фидес, Виктор Орбан.

Во обраќањето на Орбан, кое заедно со обраќањата на лидерите на уште неколку сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ се емитуваше на почетокот на Конгресот, унгарскиот премиер им честита на партиските членови и на активистите за, како што рече, неверојатните достигнувања на партијата во изминатите две години.

„Убедлива победа на парламентарните, локалните и претседателските избори. Исто така, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој. По долги години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ сега стана една од, или можеби, најуспешните политички сили во Европа. Нема подобра препорака од самиот успех“,порача Орбан.

На крајот од обраќањето, тој се заблагодари за можноста да соработува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на членството му порача да продолжи да го поддржува со довербата кон него.

„Продолжете по патот на успехот. Ви посакувам многу успех во владините задачи што претстојат. Бог да ги благослови македонските патриоти“,заклучи Орбан.

Обраќање на Конгресот преку видеоврска имаа и претставници на други сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот на Хрватска и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, рече дека се радува на унапредувањето на соработката меѓу ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ и меѓу Хрватска и Македонија, додавајќи дека земјава од нив има голема поддршка на патот кон Европската Унија.

Антонио Тајани, потпретседател на Европската народна партија, претседател на Форца Италија и вицепремиер и министер за надворешни на Италија, рече дека Европската народна партија силно ја поддржува земјава на патот кон ЕУ. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е почитуван член на ЕНП.

Од Конгресот преку видеоврска се обрати и Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа, кој рече дека иднината на Македонија е во Европската Унија.

„Не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад, мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината“, порача Крихбаум.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кавадарци го одржува 18. Конгрес, на кој се очекува реизбор на лидерот Христијан Мицкоски. Конгресот беше отворен со говор на партискиот лидер и со едногласно усвојување на конгресниот документ „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Најважната задача која пред себе ја имаме е да го подобриме животот на граѓаните
Следна Статија Во овој последен мандат нема да работам да останам претседател, вети Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Спасувале животи во „Пулс“ а сега имаат намалена плата поради боледување?!

Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски во објава на Фејсбук открива дека медицински лица од ЈЗУ Општа Болница Кочани добиле намалена…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре е Духовденски понеделник, ова се обичаите кои носат благосостојба и среќа

Во понеделникот по неделата на Педесетница, се совршува празнување во чест на Светиот Дух. Тој празник бил востановен од Црквата…

June 8, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре. Целиот план е осмислен пред две недели, кога власта…

December 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Со воведни зборови на одбраната денеска во судницата во Идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?