Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: По шест месеци ќе ни треба дигитална виза за влез во земјите на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > По шест месеци ќе ни треба дигитална виза за влез во земјите на ЕУ
СВЕТ

По шест месеци ќе ни треба дигитална виза за влез во земјите на ЕУ

Објавено July 18, 2025 13:48
Сподели
Сподели

Советот на ЕУ денеска во последна фаза ја усвои Регулативата за постепено воведување на новиот Систем за дигитално управување за влез и излез на надворешните граници на Европската Унија (ЕЕС).

Со Регулативата се предвидува ЕЕС системот да почне да се воведува етапно во период од шест месеци. Одлуката за датумот од кој треба да започне постепеното воведување на системот дополнително ќе ја донесе Европската комисија.

Според данскиот министер за имиграција и интеграција Каре Дибвад Бек, силната заштита на надворешните граници е од витално значење за Европската Унија.

Новиот Систем за влез и излез ќе ни помогне да осигуриме дека државјаните на земји кои не се членки на ЕУ кои патуваат во Европа, ги почитуваат нашите правила. Тоа ќе ги направи нашите граници побезбедни, а граничните проверки поефикасни, оцени Дибвад Бек, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ.

Со новиот систем се воведува дигитално евидентирање на влезот и излезот во ЕУ на државјани на земји кои не се членки на Унијата, при нивното патување на краток престој во држава од блокот со регистрирање на податоците од патните исправи на лицата, нивно фотографирање и земање на отпечатоци од прстите.

Според оценките на ЕУ, со помош на ЕЕС системот надлежните органи за гранична контрола ќе имаат пристап до податоци што ќе овозможат проверка на идентитетот на државјаните од трети земји што пристигнуваат во Унијата и информации за тоа дали тие го почитуваат одобрениот период на престој во Шенген зоната. Како резултат на тоа, се очекува значително да се намали веројатноста за измама со идентитет и пречекорување на дозволениот престој.

Постепеното воведувањето на системот ќе трае 180 дена, при што во првите 30 дена во системот ќе треба да се евидентираат најмалку 10 отсто од лицата што ја минале границата, до 90-от ден таа стапка треба да достигне најмалку 35 проценти, а до 180-от треба да почне евидентирањето на сите преминувања на граничните премини.

Оваа методологија на воведување на ЕЕС системот е доброволна, што значи дека земјите членки на ЕУ, доколку сакаат, можат да го воведат целосно уште од првиот ден на неговото стапување во сила.

Во исклучителни околности, како на пример кога интензитетот на сообраќајот би довел до значително долго време на чекање на граничните премини, земјите членки имаат можност целосно или времено да го суспендираат работењето на ЕЕС системот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната
Следна Статија Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ брутално ја партизира М-НАВ, се загрозува безбедноста на патниците во авиосообраќајот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Црна сабота: Колона долга 1000 километри во пресрет на годишните одмори во Франција

На автопатите во Франција денес, вкупната должина на сите редици на патиштата е забележана на 1.051,6 километри во време на…

August 2, 2025
СВЕТ

Унгарски аналитичар: Зеленски треба да престане да ги лаже Украинците дека ќе влезат во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане да ги залажува граѓаните на Украина за реалните изгледи на неговата земја за…

November 5, 2025
СВЕТ

Најмистериозниот аеродром на светот: Луксузен и изграден сред ништо, а авиони и патници нема

Безбедносните проблеми го одложија отворањето на меѓународниот аеродром, кој беше завршен во октомври минатата година. Без никакви патници и авиони,…

February 26, 2025
СВЕТ

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?