Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Правдата е бавна, но доаѓа: Наќе Чулев бил незаконски отпуштен, утврдил судот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Правдата е бавна, но доаѓа: Наќе Чулев бил незаконски отпуштен, утврдил судот
МАКЕДОНИЈА

Правдата е бавна, но доаѓа: Наќе Чулев бил незаконски отпуштен, утврдил судот

Објавено December 24, 2025 11:38
Сподели
Сподели

По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат, пишува на својот профил на Фејсбук поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев.

Тој во своајта објава пишува за годините на понижување, клевети и неправда, што ги поминал во својата професионална кариера, во кои бил цел на организирана кампања на дезинформации и политички прогон од претходната власт.

„Незаконски ми беше одземен безбедносниот сертификат и незаконски бев отпуштен од работа. По долга и исцрпувачка борба, судовите во Македонија тоа јасно го утврдија и го запишаа во своите пресуди.

Тоа беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца. Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот.

Ќе бидам искрен – тоа беше период кога човек лесно може да се скрши. Неправедни обвинувања, закани и нехумани притисоци, рушење на угледот и болката кога твоите деца трпат за нешто за што не се виновни, се исклучително тешки. Но, правдата, колку и да е бавна, со вера и истрајност, сепак доаѓа.

По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат.

Оваа објава не ја пишувам за освета, ниту за саморекламирање, туку за вистината да биде јавно запишана. Да се знае дека човек може да биде понижен, но не мора да биде скршен; дека може незаконски да му се одземе работната позиција, но не и достоинството, искуството и знаењето; и дека вистината, иако привремено сокриена, секогаш излегува на виделина“ – пишува Чулев.

Тој понатаму вели дека ова не е само негова приказна, и дека многу луѓе и денес водат битки по судови за да ја докажат својата невиност и да ја вратат честа и професионалниот интегритет. Тоа е симптом на поширок проблем – политички прогон и злоупотреба на институциите кои ја разоруваат довербата во државата и ги уништуваат семејствата.

„Јавно им благодарам на моето семејство, на пријателите, сограѓаните и меѓународните партнери кои не поверуваа во лагите, како и на сите кои ме поддржаа – јавно или тивко, тогаш кога беше најтешко. Ќе продолжам да се борам за општество во кое никој нема да биде гонет затоа што мисли поинаку, во кое институциите нема да бидат алатка за политички прогон и во кое честа, професионалноста и интересите на Македонија ќе бидат пред сè“ – пишува поранешниот министер за внатрешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал со епизодата на ’60 Minutes’ емитувана во Канада
Следна Статија Попов: Во ЕУ само преку „мерит систем“, а не со национално обезличување како што правеше СДС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Директорката на клиниката за пластична хирургија низ солзи им се заблагодари на странските доктори за помошта (ВИДЕО)

Д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска, директорката на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија низ солзи се заблагодари на докторите од…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

АВМУ предупредува: Ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката во деновите на жалост

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава и најави ригорозни мерки за…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата прогласи кризна состојба поради неможноста за набавка на мазут, ќе трае 7 дена

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Св Илија – Клучарот на небото и заповедник на грмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден. Во народното верување свети Илија…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?