Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството
ХРОНИКА

Правните застапници на оштетените семејства на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството

Објавено June 11, 2025 18:00
Сподели
Сподели

По завршните зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување.

Полномошникот на мајката и сестрата на Вања, посочи дека се приклучуваат кон кривично гонење и поднесуваат писмено барање за отштета за нанесена нематеријална штета. Беше нагласено дека нивното барање е солидарно да се исплатат пари, онака како што е наведено во поднесокот, имајќи ги предвид тешките психички последици и ненадоместливоста на изгубениот живот. За да нема дополнителна траума, предлагаат Судот да не ги упатува во граѓанска постапка.

Во завршниот збор, адвокатката на мајката Зорица Ѓорчевска и сестрата Миња, побара од Судот да ѝ биде дозволено да пренесе обраќање од мајката Зорица, но не ѝ беше одобрено во целост од страна на Судот.

– Се обраќам до судот, не како мајка туку и како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка. Скоро цела година целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот беа презентирани низа материјални докази и сведоштва, секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори. Но, за жал еден факт останува непобитен, Вања јa нема. Ја киднапирале и ја однеле, ја убиле безмилосно на најбрутален начин, детето мое. Кога ќе слушневме за некој немил настан во светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи кај нас во Македонија не се случуваат, далечни ми беа. Но се случи и тоа токму мене на моето најмило и не смее да се повтори. Ниту еден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав, беше наведено во писменото обраќање на Зорица.

На рочиштето присутни беа и двете ќерки на Жежовски, Македонка и Ана, кои се изјаснија дека во целост го прифаќаат завршниот збор на Основното јавно обвинителство, се приклучуваат кон кривичниот прогон и бараат имотно правно побарување.

Обвинителството денеска во завршните зборови побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна.

За Ѓорчевски, обвинителката рече „нема потешка казна од загуба на дете и од живот со таква совест како во случајов на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски. Не тврдиме дека сакал да му го убијат детето, но учествувал во киднапирањето на ќерка си и бараме соодветна казна за тоа”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Момче возело со 175 км/ч каде е дозволено 100 км/ч, полицијата го уапси
Следна Статија Судијата Димовски го тужи Судскиот совет пред Управниот суд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Се запалиле бандера и куќа во Чаир, причина бил кабел преку кој се крадела струја

На 08.08.2025 во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир во Скопје настанал пожар на…

August 10, 2025
ХРОНИКА

Ангелов: Од цистерната се излеале 25 тони нафта, возачот на возилото нема тешки телесни повреди

Од цистерната што денеска се преврте на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, истекле 25 тони нафта, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита…

September 25, 2025
ХРОНИКА

Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали

Спречен обид за криумчарење лекови на граничен премин Деве Баир. Запленети се пет парчиња ампули Genotropin GoQuick од 12 mg…

May 14, 2025
ХРОНИКА

Косовски државјанин приведен за поткуп на Блаце, му дал 10 евра на цариникот

Косовски државјанин е уапсен на ГП Долно Блаце за поткуп. Според информациите на МВР, тој во пасошот ставил 10 евра…

April 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?