Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови
СВЕТ

Прекинат воздушниот сообраќај на аеродромот во Минхен, забележани се дронови

Објавено October 3, 2025 08:29
Сподели
Сподели

Воздушниот сообраќај беше прекинат преку ноќ на аеродромот во Минхен поради прелет на дрон, чие потекло се истражува, изјави портпарол на германската полиција за АФП, откако неколку европски земји пријавија воздушни упади што ѝ се припишуваат на Русија.

Според соопштението на аеродромските власти, 17 летови што требало да тргнат од Минхен беа откажани таа вечер, што влијаеше на речиси 3.000 патници. Сè уште не е познато кога летовите ќе бидат обновени.

Петнаесет летови што требаше да слетаат во Минхен беа пренасочени и кон Штутгарт, Нирнберг, Виена или Франкфурт.

Во четврток околу 21:30 часот, неколку лица забележаа дронови во близина на аеродромот, потврди портпаролот на полицијата.

Баварските власти започнаа истрага за да ги идентификуваат дроновите и нивното потекло.

Потоа дроновите повторно беа забележани, овој пат над аеродромската област, што доведе до затворање на обете писти околу 20:30 часот.

И покрај интервенцијата на полициските хеликоптери, „нема достапни информации за видот и бројот на дроновите“ или нивното потекло, изјави портпаролот.

Инцидентот се случил пред последниот викенд од Октоберфест, кој привлекува стотици илјади луѓе во Минхен секој ден.

Фестивалот на пивото во баварскиот град беше затворен половина ден во среда поради закана со бомба

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче од Аеродром: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во економски колапс
Следна Статија Ѓорѓиевски: Јас ќе бидам првиот кој ќе ја изгради првата подземна сообраќајница во Градот Скопје, а тоа е Лимак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Три години од почетокот на војната во Украина, крајот никогаш поблиску

Денеска се одблежуваат три години од почетокот на војната во Украина. На 24 февруари 2022 година Русија изврши инвазија врз…

February 24, 2025
СВЕТ

Авионот што се урна летал од Вичита; Градоначалничката во солзи: Нема преживеани

Набргу откако официјални лица во Вашингтон се обратија пред печатот, Лили Ву, градоначалничката на Вичита, градот Канзас каде авионот на…

January 30, 2025
СВЕТ

Зеленски: Украина е максимално конструктивна во разговорите во Саудиска Арабија

Украинската делегација која учествува во преговорите со САД во Саудиска Арабија е максимално конструктивна и разговорите се корисни, изјави денеска…

March 23, 2025
СВЕТ

Низ Берлин се палат „Тесла“ возила

Непознати сторители запалиле четири автомобили „Тесла“ на подрачјето на Берлин, а полицијата смета дека станува збор за криминални дела со…

March 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?