Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Прелиминарен извештај: Седиштето на пилотот ја предизвикало авионската несреќа на „Ер Индија“ со 270 жртви?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Прелиминарен извештај: Седиштето на пилотот ја предизвикало авионската несреќа на „Ер Индија“ со 270 жртви?
СВЕТ

Прелиминарен извештај: Седиштето на пилотот ја предизвикало авионската несреќа на „Ер Индија“ со 270 жртви?

Објавено June 16, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Механички дефект на пилотското седиште е главната причина за падот на авионот на „Ер Индија“, лет AI-171, во кој животот го загубија 270 лица, покажува прелиминарниот извештај од истражната комисија.

Несреќата се случила за време на полетувањето, кога седиштето на капетанот неочекувано се лизнало наназад поради оштетен механизам за заклучување. Тоа довело до ненамерно повлекување на лостовите за потисок во положба „мирување“, што предизвикало губење на моторната моќност. Копилотот се обидел да ја стабилизира ситуацијата, но поради блокирањето на контролите од телото на капетанот, немал пристап до командите.

Црната кутија ги забележала драматичните последни моменти:

+12 секунди: Седиштето се лизга наназад.

+15 секунди: Копилотот вика: „Губиме потисок!“

+26 секунди: Авионот влегува во аеродинамички застој на само 214 стапки надморска височина.

+38 секунди: Следува судир со земја.

Истражителите утврдиле дека седиштето неодамна било сервисирано, но не бил извршен задолжителен функционален тест по поправката – пропуст што, според експертите, можел да ја спречи трагедијата. Дополнителни отежнувачки околности биле екстремно високите температури од 43°C, кои дополнително ги намалиле перформансите на моторите.

Посебно загрижувачки е фактот што системите на Боинг 787 не се опремени со безбедносни механизми како „заклучување на тежината“ или „спречување на обратен вртежен момент“, што би можело да спречи вакво сценарио.

Како итен одговор, американската FAA и европската EASA наредија итна инспекција на сите пилотски седишта во авионите „Боинг 787“. „Ер Индија“ веќе приземји 12 летала со слична историја на сервисирање, додека „Боинг“ најави редизајн на механизмот до 2026 година.

Според податоците на полицијата, авионот превезувал 242 патници и 12 членови на екипажот. Авионот се урнал врз пансион за медицински персонал, при што освен 270 загинати, повредени се над 40 лица. Единствен преживеан е британски државјанин.

Конечниот извештај за несреќата се очекува во јули 2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025
Следна Статија Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп го нарече Маск „голем зависник од дрога“

Американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со соработници го обвини милијардерот Илон Маск за зависност од дрога, пренесе „Вашингтон…

June 8, 2025
СВЕТ

Најавен нов пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти за нови санкции против Русија по синоќешниот ракетен и напад…

August 28, 2025
СВЕТ

Кина се потсмева со царините на Трамп: И капите МАГА се „Мејд ин Чајна“, поскапеа дупло

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева на ефектите…

April 10, 2025
СВЕТ

Трагедија во Словачка: Возови се судрија, повеќе од 90 повредени

Тешка железничка несреќа ја потресе Словачка утрово околу 10 часот, кога два брзи воза се судрија челно во близина на…

October 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?