Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оддаде почит на хероите од двата Илиндена во струшко Ташмаруништа

Објавено August 2, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Традиционално, со полагање цвеќе на споменикот на двата Илиндена и народен собир во атарот на црквата „Свети Архангел Миахил“, каде се наоѓа заедничка гробница на паднатите востаници во струшкото село Ташмаруништа денеска беа одбележани 122 години од Илинденското востание и 81 година од АСНОМ.

Почит на спомен – обележјата на хероите од илинденската епопеја оддадоа премиерот Христијан Мицкоски, делегации на политичките партии, Сојузот на борци, организации и граѓани.

Зачувувањето на споменот на илинденците, според општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, е свет завет.

Нивното дело мора да остане запаметено во колективната свест, особено денес кога сме жестоко негирани и исправени пред нови предизвици и неправди. Споменот на жртвите нека ни биде ѕвезда водилка, која ќе ни го покаже вистинскиот пат, бидејќи секое скршнување од него не носи кон сѐ пострмни бездни – истакна заменик министерот за правда и претседател на Општинската организација на ВМРО – ДПМНЕ во Струга, Ален Деребан.

Прославата, традиционално почна со звукот на црковните ѕвона, а после панихидата, за присутните беше подготвен и културно-забавен дел.

Во селото Ташмаруништа за време на Илинденското востание 1903 година се одиграла најжестоката борба меѓу востаниците и турската војска каде во животот го загубиле 27 востаници, а селото било ограбено и запалено.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве каде гори во моментов во Македонија
Следна Статија Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски потсети: Шекеринска сакаше со судска одлука да ја затвори ВМРО-ДПМНЕ и да ја прогласи за терористичка организација!

Вицепремиерот Александар Николоски на денешната седница за избор на нов Јавен обвинител потсети дека сегашната заменичка генерален секретарка на НАТО,…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Патниците да се запознаат со новите правила: Почнува постепената имплементација на Системот за влез/излез во Шенген зоната

Од денеска 29 земји членки на Шенген зоната ќе започнат со постепено воведување на новиот дигитален Систем за влез/излез (ЕЕС)…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: За неполн месец пуштени во сообраќај три делници, има разлика нели

Професорот Јове Кекеновски на социјалните мрежи пишува дека тоа што ќе се вети мора да се реализира, а последните настани…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?