Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж

Објавено July 21, 2025 08:34
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, официјално го прогласи за отворен Младинскиот олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж.

-Спортот ја манифестира убавата страна на сегашноста и ја гарантира светлата иднина на европскиот спорт, порача претседателката Сиљановска, нагласувајќи дека фестивалот е ретка можност за младите спортисти и гостите да се запознаат со македонската култура.

Според неа, игрите се „симбол на младост и витештво, генератор на заедништво и солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог“.

Таа изрази уверување дека нашата држава ќе се покаже како хуман и достоен домаќин, со страсна спортска публика и им посака успех на сите учесници.

-Продолжете да го развивате олимпискиот дух, да ширите добра волја и пријателство, да праќате пораки за мир, порача претседателката.

Дополнителен акцент на церемонијата даде и Спирос Капралос, претседател на Европските олимписки комитети, кој истакна дека оваа едиција ќе биде запомнета по својата топлина, енергија и дух.

-Следните седум дена, Скопје е вашата сцена каде што можете да стекнете пријателства – вие ја носите енергијата, страста и надежта за она што доаѓа, нагласи тој.

Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечерва започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.

Свечената церемонија го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство.

ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3×3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо.

Натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет. Се очекува учество на повеќе од 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости. Македонија годинава ќе биде претставена со рекорден број на спортисти кои ќе учествуваат во сите спортови. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три хороскоски знаци кои до есен ќе ги остварат своите цели
Следна Статија Сончево и многу топло со температури до 40 степени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Многу снег падна на Стража, забрана за тешки товарни возил

Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно од 16:25 часот е воведена забрана за тешки товарни…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Мајка Тереза“ на доц. д-р Ирфан Ахмети и Борче Стаменов

Во Собранието денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ на годинашните добитници доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за…

August 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одржува седница на која се разгледуваат прашања во врска со спроведувањето на Деловникот…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Конечно дишеме – ветрот го прочисти воздухот

По неколку дена екстремно загаден воздух во Скопје и неколку градови низ земјава, се чини дека ветрот „заврши работа“. Утрово…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?