Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори
МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со кралот на Јордан, Абдула Втори

Објавено April 5, 2025 10:38
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на состанокот на шефови на држави и влади „Акаба Процес Балканот III” во Софија, оствари средба со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Сиљановска-Давкова ја реафирмираше заложбата за унапредување на вредностите на дијалогот, почитувањето на културната разноликост и регионалната соработка како неопходни предуслови за стабилна и просперитетна Европа.

Во разговорот, беше потврдена блискоста меѓу двете земји, токму во година кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Претседателката нагласувајќи ја симболиката и значењето на оваа годишнина како поттик за натамошно продлабочување на билатералната соработка, упати покана до кралот Абдула Втори за посета на нашата држава.

Обајцата се согласија за важноста од продлабочување на културната и образовната размена, како и за интензивирање на соработката во областа на стабилизацијата на регионот на Блискиот Исток.

Претседателката изрази длабоко почитување за дипломатските напори на Јордан во постигнувањето на мировниот договор меѓу Израел и Хамас, притоа потенцирајќи ја улогата на Хашемитското Кралство како столб на стабилност и разум.

На крајот, таа ја нагласи потребата од темелна реформа на Обединетите Нации, организација којашто, според неа, мора да ја врати својата првична мисија и да има примарна улога во изнаоѓањето мировни решенија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Американска мечувалка одби да се натпреварува против трансродова противничка (ВИДЕО)
Следна Статија Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФOTO) Се огласи сестрата на Тоше, бела торта со ангелски крилја

Во чест на 44 - роденденот на својот трагично загинат брат, Тоше Проески денеска се огласи неговата сестра Дора Бела…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска потпишаа Договор за соработка и…

January 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

И скопската обиколница затворена поради пожарите

Поради разгорување на пожарите, од 17 часот затворена е за сообраќај скопската обиколница од клучка Арачиново до клучка Приштина, информира…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлог-извештај на ЕК: Македонија треба да го интензивира темпото на реформи

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?