Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на Уставиот суд на средба со претседателот на Уставниот суд на Србија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателот на Уставиот суд на средба со претседателот на Уставниот суд на Србија
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Уставиот суд на средба со претседателот на Уставниот суд на Србија

Објавено March 21, 2026 13:09
Сподели
Сподели

Делегација на Уставниот суд претставувана од претседателот Дарко Костадиновски и судиката Ана Павловска-Данева, остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Србија, Владан Петров и судијките Добросав Миловановиќ и Наташа Плавшиќ.

Како што се наведува во соопштението од Уставниот суд, претседателите на двата суда изразија заемно задоволство од средбата и се согласија да работат на унапредување на соработката, особено земајќи го предвид пријателството меѓу двете држави и народи.

Претседателот Костадиновски ја истакна важноста од интензивирање на билатералната соработка меѓу двата суда и истакна дека целта на оваа посета во Белград, е во најскоро време делегациите на двата суда повторно да се сретнат и да учествуваат во заеднички активности“, се наведува во соопштението од средбата.

Претседателот на српскиот Уставен суд Петров нагласил дека Костадиновски е првиот претседател на Уставен суд кој го посетил Уставниот суд на Република Србија, откако тој е избран да раководи со институцијата.

Како што истакнал Петров, тоа има и симболично значење, бидејќи земјите од регионот, особено уставните судови, треба да соработуваат многу поинтензивно, потенцирајќи дека тие треба да бидат меѓу водечките институции во државите кои ќе придонесуваат во процесот на европските интеграции.

Петров и Костадиновски разговарале и за надлежностите на двата суда, начинот на одлучување, како и за актуелните предизвици со кои се соочуваат.

На средбата беше искажана иницијатива за започнување на подготовки за изработка на Протокол со кој ќе се формализира соработката меѓу двата суда, со акцент за споделување на добрите практики уставно- судската пракса, како и за размена на искуства и знаења меѓу судиите и соработниците во уставните судови“, посочуваат од Уставниот суд.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ бара темелна истрага за случајот со Државниот инспекторат за земјоделие
Следна Статија Штипјанец возел со 105 километри на час во населено место каде е дозволено 50

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Врачена државната награда „Св. Климент Охридски“

Во Собранието денеска Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки, моето извинување беше заради нивните неодговорни градоначалници

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека градинките во општините Липково и Арачиново…

December 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, порачаа од Елисејската палата

Франција ќе ја поддржи Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат, но во согласност со меѓународно преземените обврски – ова е пораката…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Попов: Не можам да го сменам минатото, но можам да ја обликувам иднината, затоа се залагам за транспарентност и вистинска правда

Во контекст на обвинувањата кои произлегуваат од кујните на СДС, Левица и ним блиските полуги, а кои упатуваат на брутално…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?