Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен
ХРОНИКА

Приведените албански илегалци биле фатени во објект на екс шеф на тајна служба и бизнисмен

Објавено April 16, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Илегалците кои охридската полиција ги фатила пред три дена без соодветни документи се приведени на објект кој се поврзува со екс шефот на тајната служба, а сега бизнисмен Сашо Мијалков.

На 14.04.2025 година во 13 часот, во близина на хотелски комплекс на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“, привеле 13 албански државјани кои претходно, беа затекнати при изведување градежни активности, без да поседуваат соодветна дозвола за работа, пишуваше во соопштението на СВР Охрид.

Според информациите на expres.mk илегалните работници работеле на објект во градба на плажата Горица 3 кој се поврзува со Сашо Мијалков.

Од преземените мерки, констатирано е дека тие, на 14.04.2025 година, оствариле легален влез во државата но, не поседувале соодветни одобренија и дозвола за привремен престој по основ на работа, согласно член 80 од Законот за странци.

Албанските државјани немале ни сертификати кои биле обврзани да ги поседуваат согласно со предвидените норми за имплементацијата на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

По целосно документирање на настанот, Регионалниот центар „Запад“, ќе поднесе соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во меѓувреме 25 граѓански организации бараат да се одземе дозволата за градба од Сашо Мијалков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Шестмина полицајци осомничени за пожарот во „Пулс“ изведени пред судија на претходна постапка
Следна Статија Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Од Тик-Ток игра “Супермен челинџ“ тинејџер од Скопје заврши во болница

Супермен челинџ“ е „играта“ поради која вчера средношколец во средното училиште „Михајло Пупин“ заврши во болница. Предизвикот кој е популарен…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Полицаец си пукал во рака додека го чистел службениот пиштол

На 25.10.2024 околу 21:30 часот било пријавено дека во стражарска просторија лоцирана во кругот на ОВР Пробиштип, полициски службеник при…

October 26, 2024
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

Целосно е изгаснат пожарот што утрово пред 10 часот избувна во кровната конструкција на Безистенот во Струга, потрвди за МИА…

November 6, 2024
ХРОНИКА

Судски совет: Даниела Алексовска донела законска одлука за Васил Јованов, возачот кое ја усмрти Фросина

Судијката Даниела Алексовска Стојановска  согласно законот за правда на децата му определила воспитна мерка на Васил Јованов за поседувањето дрога,…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?