Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина
БАЛКАН

Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина

Објавено April 15, 2026 20:17
Сподели
Сподели

Во стан во Зеница утрово е пронајдено безживотно тело на 48-годишната Алма Хускиќ, долгогодишна уредничка и водителка на Радио-телевизија Зеница. Околностите околу нејзината смрт сè уште се утврдуваат, а истрагата е во тек.

Полицијата била известена за случајот, по што веднаш излегла на местото на настанот и започнала увид. Портпаролката на Управата на полицијата на Зеничко-добојскиот кантон, Лејла Екиновиќ, изјави дека на лице место е пронајдено телото на женско лице родено 1978 година, додавајќи дека по завршувањето на увидот ќе бидат познати повеќе детали, вклучително и точната причина за смртта.

Алма Хускиќ била едно од најпознатите лица на РТВ Зеница, каде што поминала речиси три децении. Својата кариера ја градела од новинар-волонтер до уредничка, оставајќи значаен печат во локалното новинарство. Јавноста ја памети по известувањата за дневникот „Зеница Инфо“, како и по уредување и водење на различни информативни и културни емисии.

Пред да се вработи во РТВ Зеница, работела како дописник за дневниот весник „Ослобоѓење“, а била и уредничка на младинското списание „ОМ“. Завршила Гимназија во Зеница, а подоцна студирала право и културолошки студии на Филозофскиот факултет во Зеница.

За својата работа во 2016 година добила специјално признание од УНИЦЕФ Босна и Херцеговина во рамки на проектот „Медиуми пријатели на децата“. Била активна и во граѓанскиот сектор, меѓу другото и во организации за ментално здравје и развој на креативност кај децата.

Истрагата за околностите на смртта продолжува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Маѓар го сними Орбан на соседната тераса и објави: Што мислите што чита?
Следна Статија Стојанче ја тепа Ивана сред судски комплекс, полицијата два пати доаѓа и си оди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

Владимир и Миљана Кецмановиќ, родители на момчето убиец К.К.(14), кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај…

December 30, 2024
БАЛКАН

„Извинете браќа Македонци“ „Повредените ги пративме да ги лекувате, а не да правите ПР“: ОСТРИ реакции во Србија и Македонија за популизмот на Вучиќ сликан меѓу пациентите со изгореници

Жестоки реакции кај српската и македонската јавност предивика претседателот на Србија, Александар Вучиќ со појавувањето со камери во болницата каде…

March 18, 2025
БАЛКАН

Српски медиуми: Aко патувате во Грција, најдобро место за полнење резервоар е Македонија

Цените на бензинските пумпи варираат, но Србија со години има најскапо гориво во регионот, додека најдоброто место за полнење резервоар…

June 6, 2025
БАЛКАН

По 80 евра казна ако во возилата нема синџири за снег: Грција се подготвува за големо невреме

Грчките метеролози за недела најавуваат значителна промена на времето во земјата со главни карактеристики врнежи од дожд, локално невреме главно…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?