Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стојанче ја тепа Ивана сред судски комплекс, полицијата два пати доаѓа и си оди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Стојанче ја тепа Ивана сред судски комплекс, полицијата два пати доаѓа и си оди
ХРОНИКА

Стојанче ја тепа Ивана сред судски комплекс, полицијата два пати доаѓа и си оди

Објавено April 15, 2026 20:20
Сподели
Сподели

Обвинителството заврши со покажување на доказите против обвинетиот Стојанче Јовановски за тешко семејно насилство што довело до самоубиство на Ивана Јовановска, која скокна од балконот од семејниот стан со шестгодишната ќерка, по што двете починаа на самото место.

Во продолжение од судењето, обвинителката Адела Бојчевиќ ги пушти видеата од безбедносните камери кај катната гаража во близина на судовите во Скопје. Станува збор за настаните што се случиле неколку часа пред трагичниот чин, некаде околу пладне, на 3 март. Двајцата сопружници се расправаат, а таму, покрај нив, е сведокот Мартин Саздов. На снимките, присутните во судницата видоа како Стојанче двапати ја удира Ивана и како во еден момент, од силината на ударот, ѝ се поместува главата. На видеото се гледа како доаѓа полицијата двапати, на повик од починатата, и како разговара со сопружниците одделно. Полицајците, и првиот и вториот пат, си заминуваат и е нејасно како не воочуваат дека е жената вознемирена и удирана. Место помош, во обвинението пишува дека ѝ порачале на Ивана дека ако ги повика уште еднаш, ќе добие пријава за лажно пријавување.

Во продолжение од доказната постапка, Обвинителството покажа снимки од приватниот телефон на обвинетиот Стојанче Јовановски, направени на 10 февруари годинава. На видеото, кое го снимил обвинетиот, се гледа како стои Ивана во ходникот од семејниот стан, плаче и го чува телото со рацете. „Не удирај ме веќе“, го моли насилниот сопруг, кој продолжува да ја навредува и понижува. Расплакана, го прашува зошто ја удира и со левата рака покажува на слабината. Стојанче е во обид да излезе од станот, а таа го запира, заедно да ја чекаат полицијата. „Сега се јавив да те пријавам за семејно насилство, не бегај“, му вели, а тој ѝ се смее и ја имитира. „Дрогата ти го исуши паметот, Стојанче“, му повторува жената неколкупати, додека тој ја снима.

И додека го гледаше видеото од вознемирената жена, цела со подочници, Стојанче се смееше од обвинителното столче и вртеше со главата.

По ова, обвинителката предложи да се запре видеото, бидејќи во продолжение се слуша како без прекин тој ја пцуе и ја навредува со срамни зборови, на што тој реагираше и бараше да се гледа докрај.

„Се изнаслушавме пцости на ова судење“, му де обрати обвинителката Бојчевиќ на обвинетиот Јовановски. „Сакаш уште да слушаш?“, возврати обвинетиот, смеејќи се, по што судијата Ивица Стефановски двајцата ги опомена.

Судот нареди да се гледа видеото докрај, со објаснување дека судијата не ги знае доказите однапред.

„Според Законот за кривична постапка, доказите се изведуваат во целост, а не до половина и затоа се донесе одлука да се изгледа целата снимка, без разлика на содржината“, објаснија од Судот.

Потоа, обвинителката ги читаше доказите. Од нотарот, солемизација на договор за дар на станот. Во обвинението стои дека Стојанче ја присилил да му го подари својот дел од станот, а братот на Ивана кажа во судницата дека семејството се сомнева оти ѝ го лажирал потписот. Доказ е и бракоразводната постапка водена во Центарот за социјални работи. Отпусното писмо од Клиниката за дигестивна хирургија, каде што била хоспитализирана пред неколку месеци. Мајката на Ивана, Љубица Стојановска, сведочеше дека докторите се сомневале на внатрешен хематом, добиен од удари. Таму, на Клиниката, Стојанче ја турнал Ивана по скалите.

Обвинителката го кажа во судницата заклучокот од вештиот наод и мислењето на психолог и психијатар како вешти лица, кои утврдиле јасна и директна причинско-последична врска меѓу долготрајното семејно насилство на Стојанче Јовановски и психичката состојба на сега починатата Ивана.

На една од паузите, весникот ВЕЧЕР ја праша обвинителката Бојчевиќ како ги коментира повиците на дел од правните експерти за правна квалификација на смртта на шестгодишната Катја.

„Не сум ги прочитала коментарите на социјалните мрежи, ќе се изјаснам за тоа прашање во завршниот збор. Има психијатриско вештачење, кое утврдува каква била состојбата на жртвата пред чинот, ќе слушнете во завршен“, вели обвинителката.

На следното рочиште закажано за петок, исказ ќе даде обвинетиот Стојанче Јовановски, кој, според неговите реакции во судницата, остава впечаток дека најважно му е да се расчисти дали дрогата пронајдена во багажникот од неговиот автомобил е подметната од мртвата жена и од сведокот Саздов. Тој се изјасни за виновен за тепање и загрозување на сигурноста, но не и за поттикнување на сопругата на самоубиство. Каење за трагедијата, која уште ја згрозува јавноста со деталите од судењето, Стојанче засега јавно не изразил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пронајдена мртва ТВ водителка од Босна и Херцеговина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Кумановец земал брз кредит за биткоин, ама го „олесниле“ за 200.000 денари

Четириесет и петгодишен маж од Куманово бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Скопјанец истепан од родителите на неговата сопруга

На 22.01.2025 во 13:00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно…

January 23, 2025
ХРОНИКА

ДЕТАЛИ: Тројца загинати во сообраќајката кај Катланово, тешко повредени 5 лица

Три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот…

October 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?