Протест на здравствените работници во тетовската болница, бараат плати и решенија

- Advertisement -

Здравствените работници во тетовската болница излегоа на протест барајќи исплата на плати и регулирање на нивниот работен однос. Некои од нив велат дека работат веќе 10 години, со договор за работа, без платени придонеси и со прекинато здравствено осигурување, додавајќи дека влегуваат во третиот месец како не ги примиле платите.

Директорот на болницата, Агим Бериша, вели дека вината не е нивна, и дека постојано бараат одобрение од Министерството за финансии за продолжување на договорите, иако има согласност од Министерството за здравство.

Сподели ја оваа статија