Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
ПОЛИТИКА

ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа

Објавено May 1, 2025 09:49
Сподели
Сподели

Македонија е демократска држава каде што генерално се почитуваат политичките слободи, вклучувајќи ги правата на слобода на здружување, собирање и изразување, како и медиумскиот плурализам, се наведува оценката на коизвестувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за пост-мониторинг дијалогот со земјава, Сибел Арслан и Џозеф О’Рајли.

Во оценката направена по посетата на земјава посветена на проценка на реформата во судството и изборната рамка, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и правата на малцинствата, Арслан и О’Рајли го поздравуваат напредокот постигнат во исполнувањето на обврските што произлегуваат од членството на државата во Советот на Европа.

Задоволни сме од напредокот постигнат од Македонија од последната Резолуција на ПССЕ за пост-мониторинг дијалогот во 2019 година, наведоа двајцата коизвестувачи.

Тие сепак, посочуваат дека се уште постои „итна потреба“ од реформа на изборната рамка во согласност со препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална земја и може да послужи како модел за другите земји во промовирањето на културата и менталитетот на „заедничко живеење“. Ги повикуваме властите да продолжат на овој пат и да преземат понатамошни мерки за почитување на идентитетот, правата и потребите на сите етнички групи, потенцираат Арслан и О’Рајли.

Тие натаму оценуваат дека иако во земјава е постигнат одреден напредок во реформата на правосудството, сепак постои загриженост поради „бројните обвинувања за политизација на судството и широко распространета корупција низ целиот јавен сектор“, како и поради „недостиг на ефикасни мерки за борба против овие феномени“.

Арслан и О’Рајли во оценката ги повикуваат властите на земјава да ги засилат своите напори за справување со овие појави, преку усвојување на потребните законски измени во соработка со Советот на Европа и други меѓународни партнери.

Коизвестувачите изразуваат и загриженоста поради „лошите услови“ во некои притворски установи и ги повикуваат македонските власти без одлагање да ги спроведат преостанатите препораки на Комитетот против тортура на Советот на Европа.

Во меѓувреме, целосно ја поддржуваме кандидатурата на земјата за членство во ЕУ и ги повикуваме сите политички партии да најдат компромис за спроведување на „францускиот предлог“ со вклучување на бугарското етничко малцинство во Уставот, заклучија Арслан и О’Рајли.

За време на минатонеделната посета на земјава, коизвестувачите имаа средби со претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претставници на сите пратенички групи, како и со членови на повеќе собраниски комисии и на делегацијата на Македонија во ПССЕ. Арслан и О’Рајли, исто така, се сретнаа и со министрите за надворешни работи и внатрешни работи, Тимчо Муцунски и Панче Тошковски, со заменик-министерот за правда Ален Деребан, со судии на Врховниот и Уставниот суд, со претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, со народниот правобранител Насер Зибери, како и со јавни обвинители, членови на државните комисии за заштита на дискриминацијата и за спречување на корупција и на Државната изборна комисија избори, претставници на повеќе невладини организации и дипломати.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
Следна Статија Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски оствари средба со Зеленски: Изразив поддршка и стремеж за остварување на целта за траен мир

Премиерот Христијан Мицкоски денес оствари средба со украинскиот претседател Зеленски. -Остварив средба со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Изразив поддршка…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Петрушевски: ДУИ повторно поразена, креираа атмосфера на етнички тензии за да заштити криминалци како Груби

ДУИ е повторно поразена. Дојде 11 и ништо не се случи. И ДУИ знаеја дека ништо нема да се случи,…

December 11, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од младинска трибина во Струмица испрати порака за обединување и враќање на европска иднина на…

June 1, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование

Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот…

January 29, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?