Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија
МАКЕДОНИЈА

Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Објавено May 19, 2025 21:13
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес престојува во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија. Во рамки на посетата, министерот оствари средба со својот домаќин, министерот за сојузни, европски, меѓународни работи и медиуми и шеф на државната канцеларија на покраината, Натанаел Лимински, како и со државниот секретар Марк Шпајх.

Во фокусот на разговорите беа одличните билатерални односи и динамичната соработка што се развива во изминатиот период. Министерот Муцунски истакна дека Северна Рајна – Вестфалија е исклучително доверлив партнер на нашата држава – како во политичката и економската сфера, така и во поддршката на европската интеграција. Тој изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка од покраината, како и за личниот ангажман на министерот Лимински во унапредувањето на политичката, економската и институционалната соработка.

„Оваа покраина е седиште на многу водечки германски компании и дом на бројна македонска дијаспора – фактори што дополнително ги зацврстуваат нашите односи. Заеднички изразивме уверување дека оваа посета отвора ново поглавје во нашето партнерство и дека ќе продолжиме со конкретни активности за унапредување на политичките и економските врски“, изјави министерот Муцунски по средбата.

Во рамки на работната посета, министерот Муцунски оствари и средба со Феликс Нојгарт, директор на Агенцијата за трговија и инвестиции на Северна Рајна – Вестфалија. Разговорите беа посветени на можностите за понатамошно интензивирање на трговската соработка, реализација на нови инвестиции во стратешки сектори, како и на продлабочување на партнерствата во области како што се енергетиката, туризмот, напредните технологии и дигитализацијата.

Дополнително, беа разгледани поволностите што ги нуди нашата држава за странските инвеститори, како и подготвеноста на Владата да биде активен и сигурен партнер во реализацијата на нивните проекти. Соговорниците се согласија дека постои реален потенцијал за унапредување на трговската и економската соработка во наредниот период.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски вчера ја посети и македонската заедница во градот Солинген, каде оствари средба со бројната и активна дијаспора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поништувањето на изборот на Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена, информираат од Уставен суд
Следна Статија Ќе одговара ли Бујар Османи за продажба на македонскиот идентитет?!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела (19.01.) по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Граѓаните ја демолираат куќата на градоначалникот

Додека градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, дава изјава во Јавното обвинителство, граѓаните ја демолираат неговата куќа. По вчерашната трагедија во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост: Секој изгубен живот остава трага во општеството

Премиерот Христијан Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи сочувство до семејствата…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка по повод 23 Мај – Националниот дел на Власите. Тој вели дека влашката заедница има…

May 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?