Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати
ЕКОНОМИЈА

Работнички протест во Скопје: Синдикатот го отфрла покачувањето од 1.667 денари и бара достоинствени плати

Објавено March 14, 2026 11:00
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска точно во 12:05 часот ќе одржи голем работнички протест во Скопје. Главните барања на Синдикатот се јасни и децидни – зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

Протестниот марш ќе започне пред Работничкиот дом (зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“), по што работниците ќе се упатат кон клучните институции. Рутата ќе се движи низ центарот на градот, со предвидени застанувања пред Собранието, Стопанската комора и пред Владата на булеварот „Илинден“. Токму на овие локации, претставниците на ССМ ќе ги испорачаат своите пораки до надлежните и до работодавачите.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно појасни дека одлуката за излегување на улица е резултат на континуираното игнорирање на нивните барања. Синдикатот категорично го отфрла предвиденото законско усогласување на минималната плата од само 1.667 денари, посочувајќи дека таа сума не е доволна ниту да ја покрие зголемената вредност на синдикалната потрошувачка кошничка.

Како дополнителен аргумент за неопходноста од повисоки примања, од ССМ посочуваат на алармантните податоци од Управата за јавни приходи (УЈП), според кои дури една третина од вработените во државата земаат плата пониска од 30.000 денари. За да се обезбеди масовност на протестот, која Синдикатот ја смета за клучна,организиран е бесплатен превоз за работниците од другите градови низ државата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на Конференција за кочанската трагедија: Ја плативме сметката за девастиран систем, ова беше најтешкиот ден во мојот живот
Следна Статија Трамп објави снимка од нападот на иранскиот остров Харг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

АЕК ќе распише јавен тендер за нов мобилен оператор поради голем интерес

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека ќе распише јавен тендер со јавно наддавање за доделување радиофреквенции, откако пристигнаа писма…

May 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонското градежништво мора да расте, вели Николоски

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка е пример за креирање политики засновани на квалитетни податоци и истражувања

„Несомнено, квалитетните и навремени податоци и анализи се клучни во носењето на кредибилни политики со кои се одржува макроекономската стабилност.…

October 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече…

October 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?