Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени
БАЛКАН

Разбиена најголемата мрежа за проституција во Албанија – уапсени организатори и приведени 48 жени

Објавено October 5, 2025 10:33
Сподели
Screenshot
Сподели

Албанските обвинителни власти објавија дека во Тирана е разбиена најголемата мрежа за проституција во земјата. Во акцијата се приведени 48 жени од различни националности, кои биле жртви на трговија со луѓе и присилна проституција.

Главен организатор на групата, според обвинителството, бил Лукас Бетанкур (25) од Колумбија, кој веќе е уапсен во својата матична земја. Тој регрутирал девојки од држави во Латинска Америка, организирал нивно патување кон Албанија и сместување во Тирана, каде што биле принудувани на проституција. Според истрагата, девојките биле држани насилно, а нивните семејства биле заплашувани доколку се обидат да избегаат.

Албанскиот државјанин Дритан Сукај ја водел мрежата во Тирана, додека Асел Адришева и Кејвин Ндреу биле одговорни за контролата на неколку девојки од Казахстан. Денис Бериша, друг член на групата, ги дрогирал жртвите и им обезбедувал клиенти.

Дел од заработката од криминалните активности била инвестирана во криптовалути на сметки на Бетанкур. Активноста се одвивала во хотел сопственост на Илир Гугаши, на улицата „Решит Чолаку“ во Тирана.

Албанските власти ја оценуваат акцијата како најголема досега во борбата против трговијата со луѓе и проституцијата. Минатата година во земјата беа уапсени и неколку кинески државјани под слични обвиненија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Масовен руски напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони
Следна Статија Мемов: Дивоградби пред општина Центар – градоначалникот Герасимовски молчи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека ако биде осуден пред Судот на Босна и Херцеговина поради неизвршување…

February 21, 2025
БАЛКАН

Се чека само Коста да излезе од затвор: „Нетфликс“ подготвува филм за масакрот, родителите се бесни

Зборувајќи на годишнината од масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“, Анѓелко Аќимовиќ, татко на убиената Ангелина, во подкастот „Бележница душе“ изнесе…

May 12, 2025
БАЛКАН

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик, лидерот на Република Српска

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за апсење на лидерот на Република Српска (РС) Милорад Додик, премиерот на…

March 12, 2025
БАЛКАН

Четири лица загинаа, а 14 се повредени во терористичкиот напад во Анкара

Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја потврди дека четири лица загинале, а 14 се повредени во терористичкиот напад…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?