Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар
ХРОНИКА

Разбојник со пиштол ограбил продавници за брзи кредити, а оружјето го фрлил во Вардар

Објавено October 26, 2025 17:04
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за две одвоени кривични дела – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 25-годишен скопјанец, на 15 август годинава извршил разбојништво во просториите на правно лице за брзи кредити во ГТЦ, од каде со закана со огнено оружје – пиштол кон вработената одзел пари во вкупен износ од 60.500 денари. Тој влегол во објектот и седнал на едно од столчињата за странки, а кога оштетената го прашала колку пари сака, осомничениот извадил пиштол и ѝ рекол да ја отвори касата. Вработената, исплашена за сопствениот живот, од фиоката ја извадила касата, ја ставила на бирото и ја отворила, па осомничениот ги зел сите пари кои биле внатре и избегал.

Три дена подоцна, од објект на истото правно лице во Старата скопска чаршија, осомничениот на сличен начин, заканувајќи се со пиштол, го натерал вработениот да го отвори сефот и одзел 25.000 денари. Ја напуштил продавницата, упатувајќи се во правец на плоштадот „Македонија“. По пат го фрлил пиштолот од Камениот мост во Вардар, по што избегал во непознат правец., информира Обвинителството.

По настанот, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, бидејќи избегал во Хрватска.

Со оглед на тоа, јавниот обвинител оцени дека се уште постои висок ризик тој повторно и сега да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, но и веројатност да го повторува делото, па од судијата на претходна постапка обвинителството побара да му биде определена мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка
Следна Статија Мицкоски од Карпош: На втори ноевмри гласајте за број 9 за крај на бетонизацијата и за вистински разво

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Возел со 101 км/час на место каде е дозволено 40, уапсен возач од Пробиштип

На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р.…

May 27, 2025
ХРОНИКА

Изгаснат пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир, се утврдуваат причините

Пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир во Берово синоќа е ставен под контрола од пожарникари од ТППЕ Берово и околните места.…

October 28, 2024
ХРОНИКА

Обвинителство: Раста „дувал“ марихуана на стадионот во Охри

Обвинителството излезе со изјава за апсењето на српскиот рапер Раста. Оттаму велат дека тој е приведен со марихуана на стадионот…

August 3, 2025
ХРОНИКА

Разбиена терористичка организација во Македонија: Уапсени четири лица од Струга и Гостивар

Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?