Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи
ХРОНИКА

Расте бројот на жртви од насилство – Во првото тримесечје од годинава, има 391 новоевидентирани случаи

Објавено June 27, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Во првото тримесечје од 2025 година – јануари до март, бројот на ново евидентирани жртви во земјава е 391. Од таа бројка, 284 се женски лица, 53 – машки, а 54 се деца – секундарни жртви. Од вкупно 286 сторители, машки биле 266, а женски – дваесет. Евидентирани биле 221 физичко насилство, 345 случаи на психолошко насилство, два случаја на сексуално, а девет на економско. Овие податоци беа споделени на денешниот настан во Скопје, по повод промоција на видео – материјали од комуникациската стратегија и кампањата „Има живот без насилство“, фокусирана на подигнување на јавната свест за родово – базирано насилство врз жените.

– Ако направиме споредба на податоците на годишно ниво за 2023 и 2024 година, по однос дали се зголемува бројот на жртви, состојбата е дека за 14,7 проценти во 2024 година, е зголемен бројот на жени жртви на семејно насилство споредбено со 2023 година. Причини за зголемувањето на бројот на жртвите на насилство е зголемената јавната свест за пријавување на насилството во самите институции и преземање на конкретни мерки и активности за спречување и заштита на самите жртви преку мулстисекторска соработка помеѓу институциите – централно и локално ниво и граѓанските организации. Токму затоа, во овој период ги интензивираме напорите за подигање на јавната свест преку спроведување на континуирана комуникациската стратегија во насока на спроведување на кампањата „Има живот без наилство“ фокусирана на родово-базирано насилство врз жените, беше истакнато.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, пред присутните рече дека насилството има многу форми и секоја форма остава рани.

– Некои се гледаат. Повеќето не. Но, сите болат, подвлече министерот.

Тој рече дека ова не е само прашање на жените.

– Ова е предизвик на целото наше општество. Кога една жена се плаши да се врати дома, кога едно девојче молчи затоа што мисли дека нема да му поверуваат, кога една мајка се крие зад насмевка за да не ја покаже болката – ние како општество сме потфрлиле. Но, можеме да ја промениме оваа реалност – заедно. На жените што денес се чувствуваат беспомошно, сакам да им порачам: не сте сами. Има помош. Има излез. Има живот без насилство. Ти имаш право да живееш со достоинство, да сакаш без страв, да бидеш безбедна во својот дом. На мажите, татковците, синовите – машкоста не се мери со сила, туку со почит. Со поддршка, не со доминација. Со љубов, не со страв. Ако видиш насилство – реагирај. Ако слушнеш плач – не игнорирај. Ако си родител – научи го синот да почитува, а не да контролира. Зашто во оваа борба – или си дел од решението или си дел од проблемот, насилството. Изборот е твој, рече министерот.

Тој апелираше и до институциите, да не гледаат на жената – жртва како „предмет“ во папка.

– Таа не бара само хартија – таа бара надеж. Таа доаѓа кај нас затоа што верува дека ќе ѝ помогнеме да избега од пеколот во кој живее. Законот е темел, но, човечката чувствителност спасува животи, додаде Лимани.

Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Даниел Филер истакна дека секој има одговорност да пријави насилство.

– Тука сме денеска за да ја прославиме работата на овој проект и остварувањата што ги има направено со нашата поддршка. Обединетото Кралство поддржува слични проекти ширум светот, но, особено сме горди на овој проект, што ја поддржува работата на националните институции и партнерите и работи на превенција и заштита од родово-засновано насилство. Тука сме за да ја подигнеме јавната свест дека не смееме и не треба да толерираме насилство. Никој не смее да страда. Секое лице има одговорност да пријави насилство и да ги поддржи преживеаните. Во Обединетото Кралство, одамна имаме признато дека насилството врз жените и девојките, девојчињата, не е само лична трагедија, туку е општествен неуспех. Влијае врз секоја заедница, врз секој сектор и врз секоја генерација, подвлече Филер.

Пред присутните се обрати и Жаклина Гештаковска Алексовска, аналитичарка на програма во Фондот за население на Обединетите Нации.

Настанот беше во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Канцеларијата на УНФПА и финансиска поддршка од Британската амбасада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство
Следна Статија Лишени од слобода измамници од Велес – злоупотребувале лични податоци и ваделе брзи кредити

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Спречени обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови

На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми.…

April 23, 2025
ХРОНИКА

За 15-на лица кои биле во дискотеката се бараат информации на социјалните мрежи

Низ социјалните мрежи денеска излегуваат фотографии на млади лица за кои се тврди дека биле во дискотеката Пулс во Кочани…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Турски државјанин заврши во притвор, дал поткуп од 100 евра за да влезе во Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил…

October 31, 2024
ХРОНИКА

(Видео) Возач со „голф“ влечеше коњ низ центарот на Скопје, полицијата го идентификуваше

Се огласија од полицијата во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа…

April 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?