Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра
ЕКОНОМИЈА

Расте долгот на граѓаните кон банките – повеќе од четири милијарди евра

Објавено February 22, 2025 09:20
Сподели
Сподели

Долгот на граѓаните кај банките во јануари порасна на 250,1 милиони денари или повеќе од 4 милијарди евра. Овој долг доминира и во вкупниот износ од 8,03 милијарди евра кој го имаат граѓаните и компаниите кон банките, покажуваат последните податоци на Народната банка.

Долгот на граѓаните кон банките расте секој месец, а во јануари годинава пораснал за 8,8% на годишно ниво или за 0,2% на месечно ниво. Вкупните кредити, пак, бележат раст од 11,3% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора.

Во јануари за прв пат кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,3%, но на годишна основа забележан е раст од 8,4%, додека станбените кредити се зголемени за 0,5% на месечна основа односно за 12,7% на годишно ниво. Овој месец, автомобилските кредити бележат месечен и годишен раст од 0,7% и 5,1%. Кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан пад од 1,1% и 9,0% на месечно и на годишно ниво. Кај негативните салда на тековните сметки, овој месец е остварен месечен раст од 11,4%, при годишен пад од 4,6%, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2% и 10,2% на месечна и на годишна основа.

Граѓаните, сепак чуваат многу повеќе пари во банките од нивниот долг. Податоците на Народна банка покажуваат дека депозитите на граѓаните во банките изнесуваат повеќе од 6,4 милијарди евра и бележат раст од 14,2% на годишно ниво.

Вкупните депозити (домаќинства, компании) во јануари на годишно ниво бележат зголемување од 11%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Со секира го искршиле стаклото од кафулето, па со бензин го запалиле: обвинение против тројца за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода
Следна Статија Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Денес, од овде-од срцето на Полог-го испраќаме најсилниот одговор на сите скептици и на сите што со години зборуваа, а…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Анкета: За граѓаните маркетите се виновни за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот. Третина од граѓаните велат дека…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина…

October 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?