Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ
ПОЛИТИКА

Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

Објавено December 12, 2025 15:37
Сподели
Сподели

Најостро ја осудуваме денешната прес-конференција на СДСМ и изнесените невистини и манипулативни наводи, кои се во целосна спротивност со јавните заложби на оваа партија за привлекување нови инвестиции и унапредување на регионалната соработка. Зачудувачки е што токму СДСМ, партија која претендира да биде сериозен политички фактор, си дозволува да пласира неосновани и неточни информации за субјект од банкарскиот сектор, со што внесува несигурност во банкарскиот систем, а со тоа директно ја доведува во прашање сопствената политичка одговорност и кредибилитет.

Дополнително, зачудувачки е тоа што СДСМ ги изнесува истите ставови кои во изминатиот период ги застапуваше нивниот долгогодишен политички партнер ДУИ.

АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на АЛТА групацијата и една од најиновативните финансиски институции во Србија. Таа е значаен финансиски актер која покрај инвестицијата во Македонија, бележи и неколку веќе реализирани инвестиции во регионот.

АЛТА банка во континуитет има исклучителни деловни резултати и силен раст, а во 2024 година доби награда за најбрзо растечка и најиновативна банка во Република Србија. Стопанска банка АД Битола е горда што добива сериозен и стабилен стратешки партнер, што претставува позитивен чекор за банкарскиот сектор и за економијата во целина. Доколку СДСМ јавно не се извини за изнесените невистини и дезинформации, ќе бидат преземени сите соодветни правни и институционални чекори за заштита на угледот и интегритетот на банката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нова „бомба“ на СДСМ: Дали власта на Мицкоски внесува сомнителен капитал во Македонија преку „банкарот на Вучиќ“
Следна Статија Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Го слушнавме Филипче ја повикува Белата палата, ама не го слушнавме да се огради од своите и криминалите на СДС

Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во…

January 24, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ: Македонија сè повеќе поврзана со „Српскиот свет“ и преку него со „Рускиот свет“

ДУИ секогаш стои пред реалноста и пред конкретните достигнувања за државата: Ја зачленивме Северна Македонија во НАТО. Ги започнавме преговорите…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди прашува: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со…

February 26, 2026
ПОЛИТИКА

Османи ниту потврдува ниту демантира дека се сретнал со Груевски во Унгарија

Средбите на министрите за надворешни работи се класифицирани информации и по закон не можат да се откријат. Ова денеска го…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?