Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
ЕКОНОМИЈА

Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни

Објавено May 5, 2025 13:45
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека, поради локалните избори, ребаланс на Буџетот ќе има најверојатно на крајот на јуни.

Одговорајќи на новинарски прашања во рамки на посетата на општина Штип, Мицкоски напомена дека се уште не е направена анализа, но ќе се направи по што ќе се излезе со предлог пред пратениците.

Логично е да има прераспредлба на средства во месецот што следи поради импликацијата врз буџетските средства како резултат на проектите што ги поднесоа општините на вториот повик, зашто се работи за вкупно 16 милијарди денари. За ребалансот, годинава имаме локални избори. Логично е најмалку еднаш во годината да има ребаланс. Лани тоа беше при крајот на јули, но годинава тоа ќе биде проблем зашто ќе се распишат локалните избори и затоа ќе биде најверојатно на крајот на јуни. Се уште не е направена анализа, ќе се направи ќе се излезе со предлог пред пратениците. Важно е дека владините мерки даваат резултати, имаме дефлација два месеца по ред, раст на индустриското производство во првиот квартал единствени во регионот и едни од ретките во Европа, имаме позитивна бројка во делот на извозот во првото тромесечје, очекувам резулат што ќе ги натфрли проекциите на меѓунардоните институции во делот на растот на БДП. Има неколку параметри кои дават јасна слика на траекторијата во која макроекономски треба да се движиме и тие ќе бидат опфатени во ребалансот, истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пациенти од Кочани доживеале непријатности на аеродромот во Истанбул: Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата
Следна Статија Николоски: Во Штип работиме на ДУП за бањата Кежовица, очекувам браната Отиња да биде готова следната година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Расте македонскиот извоз,одлична вест за македонската економија

Расте македонскиот извоз! Одлична вест за македонската економија. Во месец Мај, македонскиот извоз порасна за огромни 23,44% во евра, во…

July 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство

Премиерот Христијан Мицкоски очекува состојбата во РЕК Битола денеска да се стабилизира и да продолжи редовното производство, откако два термоблока…

December 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 %

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?