Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…
ЗДРАВЈЕ

Ревизија откри низа системски слабости во работењето на ФЗО: Слаба евиденција за дадени аванси за лекување во странство, слаби контролни системи…

Објавено July 31, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Фондот за здравствено осигурување на Македонија доби мислење со резерва од страна на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за точноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на неговото работење со законската регулатива за 2023 година. Слично мислење било дадено и за работењето на Фондот во 2022 година.

Ревизијата откри низа системски слабости и нерешени прашања што влијаат врз транспарентноста, законитоста и ефикасноста во работењето на Фондот.

Според ревизорскиот извештај, дел од недвижниот имот на Фондот – објекти и земјиште – сè уште нема регулиран имотно-правен статус, а нивната вредност не е целосно утврдена и евидентирана во деловните книги.

Фондот не води целосна евиденција на побарувањата за дадени аванси за лекување во странство, ниту има воспоставено ефективни контроли над фактурите од странски болници. Тоа резултирало со судски тужби против институцијата.

Постапката за упатување пациенти на лекување во странство е оценета како непрозрачна и нефункционална – не е обезбедена правна заштита за осигурениците, ниту постои систем за следење на успешноста на лекувањата.

Ревизорите посочуваат и на сериозни пропусти во ИТ-системот на Фондот. Недостигот на ИТ кадар и отсуството на ИТ стратегија довеле до сајбер напад, што дополнително го загрозува системот и сигурноста на податоците.

Контролата врз здравствените установи е оценета како недоволна. Не се потврдуваат сите фактури за извршени услуги, а постои и доцнење во постапувањето по извештаи од извршени контроли каде се констатирани неправилности. Исто така, е утврдена слаба динамика на наплата на повеќе исплатени рецепти и слабости во контролата на фактурите за лекови.

Меѓу прашањата кои ДЗР ги нагласува е и отсуството на целосни податоци за побарувањата по основ на неплатени придонеси за здравствено осигурување, особено за побарувањата пред 2008 година, за кои наплатата е неизвесна.

Фондот во моментов е вклучен во повеќе судски постапки, како тужител и како тужена страна, што може дополнително да го оптовари буџетот. Референтните цени на здравствените услуги не се ажурирани и не ги одразуваат реалните трошоци, а Министерството за здравство не ги исплатило во целост придонесите за граѓаните кои не се осигурени, што дополнително ја влошува финансиската состојба на Фондот.

Клучен наод е дека не е обезбедено вистинско купување на здравствени услуги – наместо тоа, Фондот обезбедува средства за функционирање на јавни здравствени установи кои не успеваат да ги испорачаат планираните здравствени услуги.

Во извештајот се укажува и на потребата од ажурирање на Листата на лекови на товар на Фондот, како и на внатрешни организациски слабости – не се пополнети раководни позиции, што создава ризик од нејасно распределени одговорности.

Раководството на Фондот доставило забелешки на нацрт-извештајот од ревизијата, кои, според ДЗР, главно се однесуваат на активности преземени по дадените препораки или објаснувања за констатираните состојби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Муртезани склучи договор со „Арберија Дизајн“, фирма која ја обвинуваше за криминални тендери ДУИ
Следна Статија (ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија

Нобеловата сезона за 2025 година официјално започна со објавувањето на првата награда, онаа за физиологија или медицина. Наградата е доделена…

October 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Девет хирурзи беа на обука во Турција за трансплантација на бубрзи и црн дроб, дарувањето орган претставува највозвишен акт на хуманост и солидарност

Министерот за здравство, Азир Алиу и заменик министерот, Јовица Андовски, учествуваа на работна средба по повод одбележување европски викенд на…

October 10, 2025
ЗДРАВЈЕ

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок

Маж тежок 130 килограми прв се оперираше од прекумерна тежина на државен трошок.На Клиниката за дигестивна хирургија е направена првата…

April 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Европски држави нудат помош за рехабилитација на повредените во Кочани

Некои од настраданите во Кочани кои го напуштија болничкото лекување, се јавуваат на Клиниката за Токсикологија, жалејќи се на вртоглавици…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?